Недела на простувањето |
27.02.2012. | |
Во неделата на простувањето - Прочка, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на голем број свештеници од епархијата отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. На Литургијата присуствуваа голем број верници од Велес, кои молитвено побараа прошка од Бога. На почетокот на Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го произведе најпрво во чин чтец и ипоѓакон, а потоа го ракоположи во чин ѓакон богословот Игор Пармачки од Берово. Во текот на Литругијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел благоволи и го произведе во чин протоереј, свештеникот Ангел Станчев од Велес, кој својата свештенослужителска мисија ќе ја продолжи во Американско-канадската епархија на МПЦ. Во својата празнична беседа Митрополитот не повика сите да го искористиме денот на простувањето за да отидеме кај своите најблиски и кај сите на кои сме погрешиле за да речеме прости ми и да се обидеме од денешниот ден, па се до Воскресението Христово да ја исполниме нашата душа со чистота, добрина, љубов, милосрдие и на тој начин да се обидеме да се соединиме со нашиот Бог, Господ Исус Христос. |
< Претходно | Следно > |
---|