Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Св. Гаврил Лесновски

 

Божикен попуст на дел од изданијата на издавачката дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“

 

Sample ImageВозљубени,

на 20.01.2025-то лето Господово, (Понеделник), на денот во кој ќе го чествуваме Соборот на светиот Јован Крстител, ќе се отслужи Света Божествена Литургија во црквата во Велес, посветена на Господовиот предвесник.

На Светата Божествена Литургија, која ќе започне во 08.15 часот, ќе чиноначалствува Митрополиот Повардарски г. Агатангел, во сослужение Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископот Стобиски г. Јаков, како и на свештенослужители од градот Велес.

Ќе ни претставува особена чест, доколку со Вашето ценето присуство го збогатите овој семакедонски и сеправославен собор.

 

 
 

 Божикно послание                        Распоред на богослужби

 
Св. Гаврил Лесновски
30.01.2012.

 Sample Image

По повод Празникот на Лесновската Светиња – Свети Гаврил Лесновски, во предвечерието на празникот, на 27. 01. 2012 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на Игуменот на Лесновската Обител отец Дамаскин со браќата при Лесновскиот манастир, отслужи Празнична Вечерна Богослужба.

Утредента на 28. 01. 2012 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел заедно со Надлежниот Архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со браќата од манастирот и свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија. Пригодна беседа произнесе Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а Митрополитот Брегалнички г. Иларион Им го честита празникот на Лесновци и Му се заблагодари на Митрополитот г. Агатангел за отслужената Света Литургија. По ова Митрополитите го благословија и пресекоа празничниот леб.

 
< Претходно   Следно >