Богојавление - Водици |
18.01.2012. | |
БОГ СЕ ЈАВИ! Прославата на празникот на Богојавлението во Велес, започна со Света Божествена Литургија во храмот „Св. Спас“, на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на целото свештенство од Велес. Потоа, од храмот „Св. Спас“ беше формирана литија до мало мовче од каде што се изврши осветувањето на водите на реката Вардар и беше фрлен чесниот и животворен крст во водите. Традиционално секоја година велешани масовно присуствуваат на осветувањето на водите и фрлањето на животворниот крст, а секоја година голем е бројот на оние коишто се фрлаат во студените води на реката Вардар за да го фатат крстот. Оваа година имаше 70 млади луѓе кои влегоа во водите на реката Вардар за да го фатат крстот за здравје и спасение. Оваа година крстот го фати младиот Антонио Тасевски од велешката населба Превалец. Нему Митрополитот Повардарски, Господин Агатангел му ја подари Библијата и златен крст, а десетина други спонзори му подарија други пригодни дарови. На осветувањето на водата на реката Вардар оваа година покрај многубројните велешани традиционално присуствуваше и градоначалникот г-дин Горан Петров и пратениците од Велес. |
< Претходно | Следно > |
---|