Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Божикна забава
Божикна забава
10.01.2012.
 
 

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и оваа година во рамките на соработката на Повардарската епархија и здружението на деца заболени од церебрална парализа од Велес, Повардарската епархија организираше Божикна забава за овие дечиња. На ова дружење присуствуваа свештеници кои од името на Митрополитот Агатангел го благословија овој собир, а присуствуваше и градоначалникот на Општина Велес, кој ја поздрави оваа благородна активност. На оваа средба за првпат настапи новиот детски црковен хор при Повардарската епархија. На забавата сите дечиња кои беа присутни, како и оние кои не беа во можност да присуствуваат добија пакетчиња, кои беа донирани од фирмата „Макпрогрес“ од Виница кои исто така се вклучија во нашите активности за оваа благородна цел. На средбата присуствуваше и Билјана Џуфовска од ова здружение, која го изработи мотивот за Божикната честитка на Повардарската епархија. Оваа средба беше четврта по ред, а е со тенденција да продолжи и во иднина, а покрај оваа активност Повардарската епархија организира и две екскурзии годишно за дечињата членови на ова здружение.

 
 Sample Image
 
< Претходно   Следно >