![]() Возљубени, Би сакале да Ве известиме дека од денес, 01. 06. 2022 година, документарно-биографскиот филм за Митрополитот Агатангел, „Печат на едно време“ можете да го гледате и на нашиот youtube канал. Линк до филмот: https://www.youtube.com/watch?v=TXOnztkGvT4 |
Рождество Христово - Божик |
10.01.2012. | |
![]() ![]() На празникот на Рождеството на Господ Исус Христос, Митрополитот Повардарски г. Агатангел служеше Света Божествена Литургија во Соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес.
На втор ден Божик, Митрополитот Агатангел отслужи Архиерејска Литургија во црквата „Св. Димитриј“ во Кавадарци.
На празникот на Св. архиѓакон и првомаченик Стефан (трет ден Божик), Митрополитот Агатангел отслужи Архиерејска Литургија во црквата „Св. Атанасиј“ во Негорци.
На трет ден Божик, кога Светата православна црква го чествува споменот на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, во резиденцијата на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан беше приреден свечен ручек по повод неговиот именден, на кој присуствуваше државниот врв: Претседателот на Република Македонија г-дин Ѓорге Иванов, Премиерот г-дин Никола Груевски, и претседателот на Собранието г-дин Трајко Вељаноски. Од членовите на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ на традиционалниот ручек присуствуваа Митрополит Повардарскиот г. Агатангел и Митрополитот Брегалнички г. Иларион.
|
< Претходно | Следно > |
---|