Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Св. Климент Охридски
    
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 
Св. Климент Охридски
7.12.2011.

 Sample Image

Во епархискиот параклис, посветен на Свети Климент Охридски, со Вечерна богослужба започна прославата на патронот на Македонската Православна Црква, Свети Климент, во Повардарската епархија. Голем број верници беа присутни на Вечерната Богослужба, каде молитвено се поклонија на Светителот - заштитник на Mакедонската Православна Црква и нејзините верни чеда.

По завршувањето на Вечерната, Протоереј Томе Јованов имаше кратко излагање за значењето на Свети Климент за македонскиот народ и Македонската Црква.

Патронот на Македонската православна црква, Свети Климент, се прославува низ сите наши духовни светилишта, а централниот настан се случува во Скопје, најпрво со Вечерна богослужба во Mакедонската богословија, а на самиот ден на празнувањето со Божествена Литургија во Соборниот храм на Македонската црква посветен на патронот на црквата.

Стихири од вечерната богослужба

Кој од земјата денес ќе го пофали небесниот маж? Клименте, иако твоето пребогато тело е сокриено в земја, духот твој е со ангелите. Мудроста, која додека живееше, над сè си ја гледал во загатки, сега пак непосредно и блажено право в лице ја гледаш. Оттаму, и твојот гроб, поради тамошната слава, покажува мали зраци и ги прогонува демонските сили.

Клименте, со животот изникна како гранка на вистинска лоза, обработена од Бога, изобилна од многу плод. Богат, вечен дар на Духот: твоите зборови - рајски, мирисни цвеќиња; бесмртните подвизи - гроздово вино што го весели срцето; чудесата - ги отстрануваат сите душевни слабости и телесни болести.

Гордоста на телото ја покори на Словото, за да го правиш она што си го засакал, а она што го мразеше го надмина, учејќи се да поднесуваш морално наказание. Во проповедта беше раководен не од гласот, ами од зборот; сакаше духовно украсен лик наместо граѓански песни и совршено спасение. Клименте, со сето однесување си станал богосоздаден орган на Духот.

 

Тропар на свети Климент Охридски чудотворец

Со зборови си ги упатил народите кои верата Божја, со делата си се издигнал, преблажен, кои божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветил оние што пристапуваат со вера кон Тебе, преславно осветлувајќи ја темнината со знаменија. Заради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте.

 Кондак на светителот, глас 3:

Светителу, твојот храм е духовно лечилиште на оние што доаѓаат со вера; тој избавува од различни болести, а разните душевни страсти ги умртвува. Заради ова, себлажен, те одбележуваме како топол заштитник.

 
< Претходно   Следно >