![]() Возљубени, Би сакале да Ве известиме дека од денес, 01. 06. 2022 година, документарно-биографскиот филм за Митрополитот Агатангел, „Печат на едно време“ можете да го гледате и на нашиот youtube канал. Линк до филмот: https://www.youtube.com/watch?v=TXOnztkGvT4 |
Осветување на нова митрополитска зграда |
22.11.2011. | |
повеќе информации за овој настан ![]()
Во рамките на свеченостите по повод тридецениската архиерејска служба на митрополитот Тимотеј со Дебарско-кичевската епархија, вчера беше осветен новиот митрополитски административен центар, кој се наоѓа во стариот објект на основното училиште „Свети Климент Охридски“
![]()
Одбележувањето на 30-годишнината од интронизацијата на митрополитот Тимотеј започна со утрена богослужба и Литургија во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид. Со богослужбата чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на сите членови на Светиот архиерејски синод на МПЦ. По овој повод, дебарско- кичевската епархија со орден од прв ред „Свети Наум Охридски“ одликува повеќе црковни лица и граѓани што го помогнале нејзиниот развој. Највисокото епархиско одликување им припадна на архиепископот г. г. Стефан, митрополитот Горазд, академиците Цветан Грозданов и Петар Илиески и познатите стопанственици Никола Матлиески, Трифун Костовски, како и Градимир Цветковиќ. Свеченостите продолжија со осветување на новиот Митрополитски административен центар, односно старата зграда на основно училиште „Свети Климент“ што во февруари оваа година со денационализација и беше вратена на Дебарско-кичевската епархија. Објектот изграден во 1897 година, заштитен како споменик на културата и влезен во заштитените објекти на УНЕСКО, со површина од над 300 метри квадратни, ќе биде епархиски центар, со работни простории за митрополитот, епископска библиотека и други услужни простории за потребите на епархијата.
|
< Претходно | Следно > |
---|