Света Петка |
28.10.2011. | ||
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]()
а 27. 10. 2011 година, Преподобна Параскева – Петковден, прва храмова слава од осветувањето на параклисот – крстилна во населбата Сењак 2 во Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел заедно со Надлежниот епархиски Архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин, свештеници од Штип и протоѓаконот Ратомир Грозданоски, професор на Богословскиот Факултет во Скопје, отслужи Света Архиерејска Литургија. Пред Светата Литургија, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион го произведе во чтец и ипоѓакон богословот Јохан Митев од Чешиново – кочанско, а на Светата Литургија го ракоположи во ѓаконски чин. На крајот од Светата Литургија пригодна беседа произнесе Митрополитот Повардарски г. Агатангел, по што Митрополитот Брегалнички г. Иларион Му се заблагодари на Митрополитот Повардарски г. Агатангел за отслужената Света Литургија на оваа прва храмова слава на параклисот - крстилната која отпочна со изградба во времето кога надлежен Митрополит беше Неговото Високопреосвештенство г. Агатангел. После беседите Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитот Брегалнички г. Иларион го благословија и пресекоа празничниот леб. преземено од сајтот на Брегалничката епархија на МПЦ: www.bregalnickaeparhija.org.mk |
< Претходно | Следно > |
---|