Групна венчавка |
25.10.2011. | |
На 22. 10. 2011, ден сабота, во соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон” во Велес, се одржа четврта по ред групна венчавка, на која 6 двојки ја крунисаа љубовта со Божји благослов. Со молитва за здравје, потомство и мирна и совршена љубов се до судниот ден, тие го добија Божјиот благослов за својот брак. Кумови, деца, внуци, пријатели и голем број посетители го исполнија храмот. Чинот на Светата тајна – брак го извршија свештеници од Велес. Господ нашиот Бог, по застапништвото на Пресветата Владичица наша Богородица, на нововенчаните брачни парови да ги утврди нивните домашни цркви и да ги утеши во староста. |
< Претходно | Следно > |
---|