Шести Семакедонски црковен Собор |
3.10.2011. | |
Во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, на празникот на Сите македонски светители се одржа Семакедонски црковно-народен собор . По тој повод се отслужи Света Божествена Литургија на која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Европски г. Пимен и поранешниот Митрополит Европски г. Горазд како и повеќемина свештенослужители и ѓакони од сите епархии на МПЦ. На Литургијата отец Јосиф, игумен на манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во с. Калишта беше произведен во чин архимандрит.
|
< Претходно | Следно > |
---|