Рождество на Пресвета Богородица |
22.09.2011. | ||
а 21.09.2011 година, (среда), кога Светата Православна Црква го празнува споменот на Раѓањето на Пресвета Богородица – Мала Богородица, во храмот „Свети вмч. Димитриј“ во Валандово се отслужи Архиерејска Божествена Литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенослужители од гевгелиското архиерејско намесништво. Црквата беше исполнета со верни души кои молитвено го побараа застапништвото на Мајката Божја пред престолот на Спасителот, за здравје и спасение на нивните души. Многумина од присутните верници пристапија кон Светата Тајна – Евхаристија и се причестија со Светите Христови дарови. Литургијата беше збогатена и со прекрасните звуци на хорот „Свети Роман Слаткопевец“ од Струмица.
|
< Претходно | Следно > |
---|