Молебен |
13.09.2011. | ||
а 09. 09. 2011 година кога Светата Православна Црква го празнува споменот на светиот маченик Фанируиј ( заштитник на учениците) во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес се отслужи Света Божествена Литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел. По Литургијата се отслужи молебен за успешна школска година за Човекољубиот Господ, нашиот Спасител, да ги просветли сите ученици, за да бидат за радост на своите родители и од полза на нашата татковина и на Светата Црква. На молебенот на сите присутни дечиња во храмот им беше дарувана икона со ликот на Мајката Божја и на свети Фануриј, а на која беше испишана и молитвата за учење.
|
< Претходно | Следно > |
---|