Упатство за псалтите - архиерејска литургија |
24.09.2007. | |
На вечерната. Откако ќе се прочита во притворот на храмот деветтиот час и свештеникот направи отпуст, архиерејот влегува заедно со свештенослужителите што го придружуваат и откако ќе застане на средина од храмот, благословува, а псалтите пеат На многаја лета Владико. Потоа, архиерејот застанува на тронот, а свештеникот зема благослов од него, влегува во олтарот и го возгласува почетокот на вечерната. Архиерејот чита: Приидите поклонимсја и предначинателниот псалм. Следи редоследот на големата вечерна. Архиерејот уште чита: Свете тихии, Сподоби Господи, Ниње отпуштаеши. За време на отпустот, архиерејот слегува од тронот, застанува на средината на храмот и благословува крстообразно, а псалтот пее: Владику и свјаштеноначалника нашего, Господи, сохрани, на многаја лета, на многаја лета, на многаја лета Владико. Свештеникот кажува: Молитвами свјатаго владики нашего Господи Исусе Христе Боже наш помилуи нас. Псалтот: Амин. На утрената. Архиерејот доаѓа, обично, малку пред пеењето на катавасиите, ја облекува мантијата и при влегувањето во храмот псалтот пее: На многаја лета Владико. Откако ќе застане на тронот, архиерејот ги започнува катавасиите. По утреното воскресно евангелие, тој чита (во недела) Воскресение Христово. По завршувањето чинот на утреното евангелие, архиерејот пее Честнеишују. Откако ќе се испее Всјакое дихание, кога тој „зема време”, псалтот го пее пространото Владику и свјаштеноначалника нашего, Господи, сохрани, на многаја лета Владико. Откако архиерејот ќе благослови, псалтот започнува да ги пее хвалитните стихири. По пеењето на Славата... И ниње... архиерејот заедно со сите сослужители излегуваат и застануваат на средина од храмот, за кое време се пее славословието. Постариот свештеник „зема време” од архиерејот и влегува во олтарот и го возгласува почетокот на св. литургија со Благословено царство. На св. литургија. На малиот вход архиерејот и свештенослужителите што го придружуваат пеат Приидите поклонимсја (или друго соодветно входно) и влегуваат во олтарот. За тоа време, кога архиерејот благословува со дикирите и трикирите, певците пеат На многаја лета Владико. Потоа псалтот повторува: Спаси ни Сине Божии... По пеењето на тропарите, обично, завршниот кондак (со и ниње) се пее од архиерејот или од свештенослужителите во олтарот. Свјатии Боже (или Елици...или Кресту Твоему) се пее по следниов начин: псалтот го пее двапати Свјатии Боже. Третиот пат се пее од свештенослужителите во олтарот. Четвртиот пат – пак од псалтот. Петтиот пат – од олтарот. Псалтот: Слава... И ниње... Свјатии безсмертнии, помилуи нас. Следи олтарното Свјатии Боже: сослужителите во олтарот пеат разделено: Свјатии Боже, по кое архиерејот од царските двери: Господи, Господи, призри с небесе... Псалтот: На многаја лета Владико. Свештенослужителите во олтарот: Свјатии крепкии. Архиерејот: Господи, Господи, призри с небесе... Псалтот: На многаја лета Владико. Свештенослужителите: Свјатии безсмертнии. Архиерејот: Господи, Господи... Псалтот: На многаја лета Владико. Свештенослужителите: Помилуј нас. По ова, ѓаконот (или свештеникот) возгласува: Сила и псалтот уште еднаш го пее целото Свјатии Боже. Ѓаконот (или свештеникот) пак возгласува: Господи спаси благочестивија. Архиерејот и сослужителите го испеваат истото. Ѓаконот пак: Господи, спаси благочестивија. Псалтот го пее истото. Ѓаконот: И услиши ни. Свештенослужителите во олтарот го пеат истото: И услиши ни. Во тоа време, кога служи епархискиот архиереј, при поторжествени служби, ѓаконот возгласува опширно многолетствие, по кое псалтот го пее истото многолетствие. По големиот вход, при возгласот од олтарот: Возљубим друг друга, да единомислием исповеми, псалтот откако ќе го испее Отца и Сина..., кога има повеќе сослужители, пее уште и Возљубљу Тја Господи... При поторжествени служби, по возгласот В первих помјани Господи..., по желба на архиепископот што служи или на митрополитот, ѓаконот кажува „Викличка” (специјално многолетствие) и псалтот испева: И о всех, и за всја. На крајот од св. литургија, кога архиерејот го кажува отпустот, псалтот пее Владику и свјаштеноначалника нашего..., а архиерејот го благословува народот. Кога има ѓакон, кој ќе возгласи многолетствие, псалтот не пее Владику и свјаштеноначалника. Кога архиереј служи Литургија на Претходноосветените дарови Обично архиерејот доаѓа при читањето на часовите. На крајот од Изобразителните чтецот кажува Господи помилуј 12 пати и архиерејот ја чита молитвата: Всесвјатаја Троице... По Благословено царство, исто така, архиерејот го чита предначинателниот псалм. При читањето на 18. катизма, архиерејот „зема време” и влегува во св. олтар и откако ќе се облече, при пеењето на стихирите на Господи воззвах, излегува и застанува на средина од храмот. По возгласот: Премудрост прости, архиерејот и сите сослужители пеат Свете тихии и влегуваат во олтарот. По ова се читаат паримиите, се пее Да исправитсја молитва моја... и следи редоследот на Литургија на Претходноосветените дарови. |
< Претходно | Следно > |
---|