Групна венчавка во Валандово и во Богданци |
31.08.2011. | |
![]() ![]() ![]() ![]() Недела на 28.08.2011 година кога Православната Црква го празнува споменот на Успението на Пресвета Богородица, во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Валандово се одржа групна венчавка на која 15 брачни парови кои веќе живееја во граѓанска заедница го крунисаа своето заедничко живеење со благослов од Бога и уште еднаш ја потврдија љубовта што ја имаат еден кон друг. Господ нашиот Бог, по застапништвото на Пресветата Владичица наша Богородица, на нововенчаните брачни парови да ги утврди нивните домашни цркви и да ги утеши во староста. На истиот ден групна венчавка се одржа и во црквата „Св. Атанасиј“ во Богданци, каде што благословот од Бога го побараа 5 парови.
![]()
|
< Претходно | Следно > |
---|