Преображение Господово |
22.08.2011. | |
На празникот на Преображението на Господ Исус Христос , Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенство од Повардарската епархија, во храмот „Св. Атанасиј“ во Неготино, отслужи Света Архиерејска Литургија. На Светата Литургија, Митрополитот се обрати со празнично слово кон собраниот верен народ, толкувајќи го Светото Преображение на Господ Христос пред тројцата Негови ученици. Митрополитот Агатангел ги причести верниците, а потоа заедно со свештенослужителите пристапија на средината од храмот, каде што извршија осветување и благословување на грозјето коешто верниците го донесоа од своите лозја и ги прекршија и благословија празничните лебови. |
< Претходно | Следно > |
---|