Рождество на Пресвета Богородица |
20.09.2007. | |
![]()
Во предвечерјето на денот кога го празнуваме раѓањето на Пресвета Богородица (9/21септември), во храмот „Св. Богородица“ во Велес беше отслужена Вечерна Богослужба со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел. На богослужбата присуствуваа голем број верници, кои молитвено и се поклонија на Мајката Божја, и се помолија на Пресвета Богородица за нејзино застапништво на нивните души пред престолот на Спасителот. За време на вечерната богослужба беше отслужен и Акатистот нa Пресвета Богородица. Свештениците Борислав Бобевски и Горанче Темелковски ја искористија оваа прилика за да му даруваат мало одејание на Митрополитот Повардарски, по повод наближувањето на едногодишниот јубилеј на Митрополитот од неговото повторно возглавување на Повардарската епархија. ![]() ![]() ![]() ![]() На самиот ден на празнувањето на Рождеството Богородично Митрополитот Повардарски г. Агатангел во манастирот „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во Неготино, отслужи Света архиерејска литургија. На оваа литургија, Митрополитот Агатангел благоволи и го потстрижа дипломираниот теолог - чедото Божјо Дејан Димов од Неготино, најпрво во чин чтец, а потоа во чиновите ипоѓакон и ѓакон. Во своето свечено слово, Митрополитот Повардарски г. Агатангел најпрво им го претстави на верниците новиот ѓакон, а потоа беседеше за величината на настанот кој го празнуваме - раѓањето на мајката на нашиот Господ Бог Исус Христос. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() По завршувањето на литургијата беше извршен водосвет и беа прекршени славските колачи, а потоа беше принесена и трпеза на љубовта. |
< Претходно | Следно > |
---|