Црквата - Тело Христово и полнота во Светиот Дух |
11.08.2011. | |
Издаваштвото на Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ ја издаде книгата „Црквата – Тело Христово и полнота во Светиот Дух“ од авторот М-р. Дарко Милев. М-р. Дарко Милев е роден на 04. 01. 1985 година во Кавадарци, од родители Сане и Нада Милеви. Основно образование завршил во ОУ „Гоце Делцев“ – Кавадарци, а во 1999 година, со благослов на тогашниот администратор на Повардарската епархија, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј се запишува во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево, која со успех ја завршува во 2004 година. Во 2004 година со благослов, и по препорака на тогашниот администратор на Повардарската епархија и митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј се запишува на студии на Богословскиот факултет при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“- во Софија, Р. Бугарија, каде што со одличен успех дипломира во 2008 година. Во 2008 со благослов на митрополитот Повардарски г. Агатангел се запишува на магистарски студии (на истиот факултет), на магистерска програма „Вера и живот“ - Систематско и практично богословие, каде што под раководството на ментор доц. д-р Љубомир Тенекеџиев магистрира на тема „ЦРКВАТА-ТЕЛО ХРИСТОВО И ПОЛНОТА НА СВЕТИОТ ДУХ“ во 2009 година, како првенец на генерацијата. Во 2009, со благослов на митрополитот Повардарски г. Агатангел, ги запишува докторските студии (на истиот факултет) каде сеуште е докторант по Догматско богословие, а предава догматика и патрологија со хагиографија на Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево. |
< Претходно | Следно > |
---|