Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Групна крштевка во водите на реката Бабуна
18.07.2011.

 

Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
Sample Image    Sample Image
 

 

На 16. 07. 2011 година, ден сабота, Повардарската епархија организираше Групно крштевање во водите на реката Бабуна во Велес. Светата тајна - крштение ја примија 18 луѓе. Чинот на осветување на водите на реката Бабуна и Светата тајна - Крштение го извршија свештениците: Протоереј Зоран Грозданов, протоереј Ристе Јанушев и свештеник Станчев Ангел.

Групната крштевка беше организирана по четврти пат во Повардарската епархија, и веќе традиционално се одржува секоја година во водите на реката Бабуна. 

Чинот започна во 10 часот, а најпрво беше извршен чинот огласување, во кој свештениците ги повикаа сите оние кои дојдоа за да се крстат да се откажат од сатаната и  од сите негови дела и да се соединат со Христа. Потоа сите заедно го прочитаа Символот на верата за да покажат дека веруваат православно. Откако беа осветени водите на реката Бабуна, огласените беа помачкани со елејот на радоста и еден по еден влегуваа во реката Бабуна и во името на Отецот и Синот и Светиот Дух трикратно беа потопени, го примија Светото Крштение и станаа членови на Светата Православна Црква. Потоа следеше миропомазание на крстените, а следниот ден сите крстени присуствуваа на Светата Литургија за да ја примат Светата тајна - Причест.

 
< Претходно   Следно >