Света Божествена Литургија |
28.06.2011. | |
Во втората недела по Педесетницата, кога Светата православна црква го слави споменот на Светата маченичка Аквилина; Свети Трифилиј, епископот на Леквусија Кипарска и Света Ана и нејзиниот син Јован, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе свештенослужители од Велес, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. На Литургијата молитвено присуствуваа голем број верници, од кои дел застанаа пред Светиот Путир и се соединија со Господ Исус Христос, примајќи ја Светата Тајна Евхаристија. |
< Претходно | Следно > |
---|