Велигден |
19.04.2011. | |
Милиони верни души ширум целиот свет извикуваа „Навистина Воскресна“ ! Духовен центар на празникот над празниците во Повардарската епархија, беше Соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, каде Митрополитот Повардарски г. Агатангел ја објави најторжествената и најрадосната вест на Православието. Во продолжение на празникот беше отслужена Велигденска Литургија, каде многубројни верни чеда чекаа до раните утрински часови да се соединат со Господ Исус Христос, примајќи ги Неговите Свети дарови. Во неделата наутро, се отслужи Вечерна Богослужба со читање на Евангелието на десет разни јазици. На втор ден Велигден, Митрополитот Агатангел ќе служи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Димитриј“ во Кавадарци, а на трет ден Велигден во храмот „Св. Недела“ во село Стојаково. |
< Претходно | Следно > |
---|