19.04.2011. |
На Велики Петок, кога светата Православна Црква го слави погребението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, во храмот „Св. Спас“, со почеток во 07.30 часот, Митрополитот Агатангел во сослужение со клирици од Велес, ги отслужи Царските Часови и Вечерната богослужба, на која, како што е превидено според типикот, беше изнесена плаштаницата среде храмот. Верниот народ се поклонуваше и ја целиваше плаштаницата и потоа поминуваше под неа, затоа што, за да дојдеме до воскресение, најпрво мораме да поминеме низ гробот Господов - без распетие, страдање и погребение нема воскресение. Во црквата „Свето Вознесение Христово“, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во вечерните часови на Велики Петок, во присуство на голем број верници чиноначалствуваше со богослужбата на Оплакување на постраданиот и погребан Спасител наш, Господ Исус Христос, на која беа прочитани Пофални песни на гробот Христов, односно Статии на Велики Петок.
|