Велики Четврток |
19.04.2011. | |
Со Света Василиева Литургија на Велики Четврток во храмот „Успение на Пресвета Богородица “ во Велес, започна празнувањето на торжествените празници кои му претходат на Христовото Воскресение. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство од Велес. По завршувањето на Литургијата беше извршен општ маслосвет, кој се прави за здравје и спасение и исцелување на духовните и телесните болести на сите верници. Митрополитот го поучи насобраниот народ зошто се осветува ова масло и кога и како да го користи ова осветено масло. Вечерта, пак, во црквата „ Успение на Пресвета Богородица “, Митрополитот Агатангел во сослужение со клирици од Велес, отслужи утрена богослужба на која беа прочитани 12-те страдални евангелија во кои се опишани настаните поврзани со распнувањето и страдањата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. |
< Претходно | Следно > |
---|