Ракополагање |
17.09.2007. | |
На 16. 09. 2007 година, ден недела, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенство од Повардарската епархија, во соборниот православен храм „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија, отслужи Света архиерејска литургија. Во присуство на стотина верници, кои молитвено ја проследија Литургијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел благоволи и го ракоположи свршениот богослов – чедото Божјо Петар Петрушевски од Богданци, најпрво во чин чтец, а потоа и во чиновите ипоѓакон и ѓакон. Претставувајќи го новиот ѓакон, Митрополитот Агатангел одржа беседа во која зборуваше за благочестивоста на свештеничкиот позив, како и за актуелни работи во епархијата.
|
< Претходно | Следно > |
---|