Крстопоклона недела |
28.03.2011. | |
На 27. 03. 2011 година, Трета Недела од Велигденските Пости - Крстопоклона, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Европски г. Пимен и свештеници од Повардарската и Европската епархија отслужи Света Архиерејска Литургија. Литургијата беше отслужена во црквата „Св. Спас“ во Гевгелија.
Митрополитот Агатангел и Митрополитот Пимен и свештенослужителите го изнесоа светиот Крст од олтарот и го поставија во средината на храмот - извршувајќи поклонување на чесниот Крст. Потоа и сите присутни верници пристапија кон поклонување и целивање на светиот Крст, а Митрополитот Агатангел на секој верник му даруваше китка босилек.
Во третата Недела од Воскресниот пост се поклонуваме на Чесниот и Животворниот Крст Господен, кој нè укрепува во деновите на жалост, потсетувајќи нè на бесконечната љубов на нашиот Спасител, Кој прими крстни страдања заради нас грешните. Оваа Недела се нарекува »крстопоклона« и се одликува со тоа што Крстот се изнесува на средината на храмот за поклонение. |
< Претходно | Следно > |
---|