Преосветување на црква, Велес |
20.02.2011. | |
На чинот на преосветувањето, очекувано, молитвено присуствуваа голем број велешани, многу гости од други градови на Македонија, како и наши македонци од дијаспората кои заради оваа прилика специјално допатуваа назад во својата татковина. На Литургијата присуствуваа и градоначалникот на Општина Велес, г-дин Горан Петров, претседателот на Советот на Општина Велес, г-дин Славчо Чадиев, пратениците во македонското собрание г-дин Илија Димовски и г-дин Марјанчо Николов, полковникот Тони Поповски, како и многу други претставници на институциите во градот. Во предвечерјето, пак, на овој настан, во саботата 19. 02. 2011 година, беше отслужена Вечерна Богослужба со која чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на архимандритот Нектариј и свештенослужители од Велес . Во едноиполгодишното реновирање на црквата беа извршени следниве работи: направен е целосно нов фрескоживопис на црквата од страна на тајфата „Св. Ап. Лука“, направен е нов иконостас и владички трон од страна на копаничарот Љубомир Бисинов, потоа се направени нови икони на иконостасот, храмот е целосно обновен со градежни дејства (нов мермерен под, нова електрична инсталација, осветлување, подно затоплување, нови врати, прозори, комплетно нов црковен инвентар, престолна икона, певница и др.) Храмот е целосно реновиран со средства на Повардарската епархија и донации од верниците. |
< Претходно | Следно > |
---|