Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow За православната вера и живот... arrow За Старчештвото
За Старчештвото
12.09.2007.

Што значи старец? – Во секојдневниот говор под старец се подразбира возрасен, стар човек. Отпрвин, старите народи се однесувале со почит кон искусни во животот луѓе, како што нè учи и Библијата: „почитувај го лицето на старец”(Левит 19, 32). Sample Image

Во манастирите, пак, уште од древност се издигнувале меѓу монасите такви опитни во духовниот живот подвижници, кои, поради своите големи успеси во борбата со гревовните наклоности и страсти, како и поради целосното предавање во рацете на Бога, станале авторитетни учители и вредни раководители  во духовниот живот за помладите монаси. Имено, токму тие биле нарекувани „старци”.

Раководител или духовен наставник може да биде не секој возрасен човек. Со други зборови, не секој стар човек може да биде старец, а само оној, кој на дело се спротивставувал до крв (Евр. 12, 4) на тешките искушенија од телесна и духовна природа и така проникнал во тајните на борбата со демоните – соблазнители. Само достигнатиот до самоодрекувањето, т.е. до откажувањето од својата волја и од своите гревовни каприци, само оној кој ја прегрнал Божјата блага и совршена воља, само оној кој го придобил дарот на духовното расудување за разликување на доброто и злото (Евр. 5, 14) може искусно да го управува коработ на спасението како за себеси, така и за другите, откако успешно ги избегнува скриените подводни карпи и нескриените лути бранови, и така да ги доведе оние кои пловат во коработ до сигурниот брег на небесното пристаниште.

Sample Image Младата фиданка треба да се приврзе кон висок и здрав кол, за да не биде искривена и искршена од природните стихии. Младите послушници и новопочетните монаси, исто така, треба да се приклонат кон испитани во духовните бури, здрави и запознаени со специфичностите на бесовските напади раководители, за да не бидат искубани, или искривени и искршени од ураганите на злите демонски напади. Имено, такви раководители се старците.

Старецот треба да биде различен од игуменот. Игуменот, првенствено се занимава со богослужбените и административните дела на манастирот. Старецот, пак, е првиот негов помошник, на когошто тој, при полно едномислие во Христа, му ја препушта грижата за духовното раководење на целото манастирско братство, како и разрешувањето на духовните проблеми на секого од браќата. Старецот обично е и исповедник, пред кого сите ги разоткриваат своите души, дела и своите помисли. Ова му олеснува да ги лекува раните на секого поединечно.

Sample Image Оттука веќе, можеме да си одговориме на прашањето: Што е старештвото? – Тоа е наставништво и раководење на верните души, кои бараат помош за водење на правилен богоугоден живот и кои жеднеат за душеспасение. Јеромонах Климент Зедерхолм пишува: „Старештвото се состои во искрен духовен однос на духовните чеда кон својот духовен отец” (стр. 28). Преподобните отци Калист и Игнатиј истакнуваат пет белега на таквиот чистосрдечен духовен однос (Добротољубие, т. В;, с. 345-346):

1. Раководениот треба да има полна и искрена вера во својот наставник, да гледа на него како на Самиот Христос и да му се покорува како на Христа, како што Самиот Господ Исус Христос нè учи: „Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша; и кој се откажува од вас, од Мене се откажува; а кој се откажува од Мене, се откажува од Оној што Ме пратил” (Лука 10, 16).

2. Раководениот треба да пристапува кон својот наставник не со задни мисли, не со лукавство, а со простота и со вистина, тој треба да ја следи вистината и во своите дела, и во искреното исповедување на своите помисли. Зашто е напишано: „Вистината е основа на Твоите слова” (Пс. 118, 160). И Самиот Господ Исус Христос вели: „Јас сум вистината” (Јн. 14, 6).

3. Раководениот не треба да ја исполнува својата воља, зашто ја следи ли својата воља, тоа за него е кобна штета и голема загуба. Тој треба секогаш да ја отсекува својата воља и тоа со задоволство, а не да чека да го принудува кон тоа духовниот му отец. Sample Image

4. Раководениот не треба по никаков начин да противречи и да спори. Противреченото и спореното се туѓи на благочестието. Богоозарениот Павле пишува: „Ако некој сака да се препира, ние немаме таков обичај, ниту црквите Божји” (1. Кор. 11, 16). Штом препирањето се забранува, воопшто, за сите христијани, дотолку повеќе тоа е забрането на монасите, кои даваат завет за полна потчинетост на своето духовно началство. Противречието и спорењето произлегуваат од самомнението, тој сожител на неверието и високоумието. И обратно, непротивречењето и неспорењето произлегуваат од благочестивото и смиреномудрено расположение.

5. Раководениот треба да ја согледува следната добродетел – да ги исповедува пред својот наставник своите срдечни тајни точно, искрено и совршено чисто.

Тие пет точки, првенствено однесувајќи се кон монасите, кои даваат завет за послушание и полна потчинетост Sample Image на својот духовен старател, можат да бидат исклучително полезни и за мирјаните, кои жеднеат да водат правилен духовен живот и да ја постигнат посигурно заветната цел на секој христијанин – спасението на душите (I Петр. 1, 9). Со ова се објаснува, зошто во оние манастири, каде што имало вистински благодатни и мудри старци, од далеку надоаѓале многу мирјани, жедни за поучување, поука и совет како да се снајдат со своите тешки животни прашања, недоумици и конфликти.

Древно по потекло, старчештвото понекогаш било занемарувано. Такво занемарување како барометар го одбележувало неспокојното опаѓање на духовниот живот во дадено време. И обратно, процутот на старчештвото означувал процут на верата и благочестието.

Во православна Русија, често се појавувале благодатни старци, како на пример св. Серафим Саровски (+ 1833) и многу други. Но, како целоустремен и плански поддржан духовен институт, старчештвото се пројавило особено силно во текот на XIX-от век во Оптинската св. обител. Богоизбрани и надарени од Бога со прекрасни благодатни дарби на проникливост и чудотворство подвижници, какви што биле јеромонасите Лев (Леонид), Макариј, Амвросиј, Јосиф и други по нив, со смирение и искреност спасувајќи се себеси, постанале духовни водачи на многу монаси и мирјани, и така да се каже, ја разбудиле цела верна Русија кон покајание и за обновен во Христа живот. Во едно време на засилена слободоумност и безбожност, каков што бил во Русија XIX-от век, тие помогнале на мнозина затечени во разни светогледни трески да го најдат здравиот пат на спасителната Православна вера, како и на мнозина заробени од своите страсти да се ослободат од оковите на гревот, а на очајните – да се вратат кон еден смислен, правилен и полезен живот.

И така, духовното раководство секогаш се чувствувало апсолутно неопходно како за монасите, така и за мирјаните. Во тоа се еднодушни сите св. Отци:

Св. Јован  Лествичник, на пример, пишува: „Се излагаа оние, кои ја положија сета своја надеж на себе си и Sample Image помислија, дека немаат потреба од раководител” (Лествица, стапало ², § 7).

Св. Симеон Нови  Богослов  советува: „Со молитва и солзи моли Го Бога да ти покаже таков бестрасен и свет човек, кој би можел добро да те раководи” (Добротољубие, т. в, стр. 16: Деятелныя и богословския главы, 33).

Св. Григориј  Синаит  говори: „Невозможно е да преуспееш во духовниот живот сам, без учител. Она, што го вршиш сам по себе, а не по совет на оние кои успеале, породува опасно самомнение. Ако Божјиот Син (како Човек) не правел ништо од Себе Си (Јован. 5, 19, 20, 30), а го правел она, кое Го учел Бог Отец, и ако Духот Свет не од Себе Си говорел (Јован. 16, 13), тогаш, кој помеѓу нас достигнал до таква висина на совршенството, та да нема потреба од никој друг, кој ќе го раководи? – Тоа е гордост, а не добродетел. Таков човек паднал во состојба на прелест (од ѓаволот), т.е. по лажен пат на скршнување во заблуди” (Добротољубие, т. в, стр. 255-256: Главы о молитве и безмолвии, § 15). (Тие светоотечки мисли се цитирани по В. Биков, „Тихие приюты для отдыха страждущей души”, Москва, 1913 г., стр. 143).

Кој со срдечна простота и со несомнена вера во Господа тргне по здравиот духовен пат под раководството на наставник, тој ја избегнува подлоста на бесовите, од која не можат да се ослободат гордите и самољубиви луѓе, вовлекувајќи се во разни испитувања на верата и моралот, толкувајќи сè по своја волја и подвизувајќи се самостојно.

 
< Претходно   Следно >