Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Патување на велешкиот црковен хор
12.09.2007.

Патување на велешкиот црковен хор

„Свети Пантелејмон“ низ црквите и манастирите

во западна Македонија (08-09.09.2007 год.)

 

Sample Image

 

Со благослов на митрополитот повардарски г. Агатангел, црковниот хор „Св. Пантелејмон“ од Велес, направи редовна посета на духовни светилишта низ Македонија. 

            На 08. 09. 2007 год., тргнавме од Велес и ја посетивме црквата свето Благовештение (Стара црква). Потоа тргнавме кон свети Наум, а поминавме низ преубавите предели на Галичица. Се спуштивме во манастирот свети Наум каде што имавме срдечен прием од страна на архимандритот Нектариј. Се поклонивме и помоливме пред гробот на големиот чудотворец, свети Наум, чијашто чудотворност е надалеку позната. Познат е како исцелител на душевни болести, демонизираност и неплодоност. Затоа во неговиот манастир доаѓаат луѓе од цела Македонија, Србија, Грција и Албанија, за да се помолат на овој богоугодник, или пак да му заблагодарат за добрините и чудата кои се случиле по неговите свети молитви.
Sample Image
 
 Sample Image
Потоа се упативме преку Охрид во Калишта, каде што и ноќевавме. Нè пречека гостољубивата игуманија Синклитикија. Утредента на 09. 09. 2007 г., со благослов на професорот на Богословскиот факултет во Скопје, отец д-р Стефан Санџакоски, заедно со отец Благој Гушков отслуживме Божествена литургија во ставропигијалниот манастир Рождество на пресв. Богородица, каде што пееше велешкиот хор „свети Пантелејмон“. Црквата беше преполна со верници а на крајот речиси сиот народ се причести.
 Sample Image
 
   Sample Image

Тргнавме кон манастирскиот комплекс на Плаошник, каде што се наоѓа и гробот на свети Климент Охридски, покровителот на нашата света Македонска Православна Црква и се поклонивме пред неговите свети мошти. Ги разгледавме откриените стари базилики и ваптистериуми украсени со раскошни мозаици.

Оттаму го посетивме манастирот света Пречиста - Кичевска, каде што нè пречека игуманијата, мајка Агнија. Црквата изобилува со икони и целосно зачувани фрески од Андреја Дамјанов, а едно од највредните нешта во овој свет манастир, за кое ретко кој знае, е кивотот со дел од светите мошти на света Петка.

Преку планинскиот превој Стража се спуштивме во Гостивар, и влеговме во преубавиот храм посветен на пресвета Богородица, кој има прекрасна акустика. Потоа го посетивме и реставрираниот манастир свети Атанасиј – Лешок. По ова се вративме во Велес, исполнети со силни впечатоци од нашите цркви и манастири и со благослов од светителите на чиишто свети мошти се поклонивме.

Sample Image
 
 Sample Image
 
 Sample Image
 
 Sample Image
 
Sample Image
 
 
 

 


                       


 

 

Известува: Протоереј Зоран Грозданов

 
< Претходно   Следно >