19.05.2017. |
На 17. 05. 2017 година, оддание на Преполовение, св. мч – чка Пелагија Тарсиска, во присуство на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, Неговото Високопреосвештенсво Митрополитот Преспанско–пелагониски и администратор Австралиско–новозеландски г. Петар и Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на Архимандритот отец Дамаскин, Игуменот отец Агатон, еромонахот отец Прохор, еромонахот отец Макариј, еромонахот отец Гаврил, еромонахот отец Ефросиниј и свештеници од Брегалничката епархија, во манстирот „Св. Гаврил Лесновски“ во Лесново, отслужи Света Архиерејска Литургија. |
|
16.05.2017. |
Младинскиот хор на Повардарската епархија „Св. Кирил и Методиј“ од Велес учествуваше на престижниот фестивал за хорско пеење „Звучит Москва“ во Москва, во Руската федерација и притоа забележа одличен настап во конкуренција на хорови од целиот свет, при што ги освои следниве награди: Прво место во духовна категорија и најдобра изведба на православна духовна музика, прво место во категорија на световна музика и најдобар диригент во категорија академско хорско пеење.
|
|
16.05.2017. |
На денот на кој Светата православна црква го чествува Светиот Атанасиј Велики, архиепископ Александриски, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на овој светител во Богданци, град чии жители го слават Светиот Атанасиј како свој патрон и заштитник, па затоа и масовно ја посетуваат црквата на овој ден, молитвено просејќи го застапништвото од светителот. На Литургијата сослужуваа свештенослужители од гевгелиското намесништво. Повеќе верници застанаа пред Светиот Путир, примајќи ги Светите Христови дарови, а потоа беа прекршени и празничните колачи.
Свети Атанасиј Велики, архиепископ Александриски На денешен ден се празнува преносот на неговите мошти и чудата произлезени од нив. А животот и подвигот на овој светител се опишани под 18 јануари: Роден во Александрија 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Симболот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски. Во архиепископскиот чин остана над четириесет години, иако не беше цело време на архиепископскиот престол. Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Од царевите најмногу го гонеа: Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидиски со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници. Беше принуден да се крие од гонителите дури и во бунар, во гроб, по приватни куќи, по пустини. На двапати бегаше во Рим. Дури пред смртта едно време проживеа мирно како добар пастир сред своето стадо, коешто вистински го љубеше. Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како Св. Атанасиј. Но, неговата голема душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и страшна борба. За совет, утеха и морална потпора често одеше кај Свети Антониј, кого го почитуваше како свој духовен отец. Човекот којшто ја формулираше најголемата вистина мораше и да пострада за таа вистина, додека Господ не го упокои во Своето Царство овој Свој верен раб, во 373 година.
|
|
16.05.2017. |
Во петатта Недела по Воскресението Христово, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. вмч. Димитриј“ во Валандово. На Литургијата сослужуваа свештенослужители од гевгелиското намесништво. Повеќе верници застанаа пред Светиот Путир, примајќи ги Светите Христови дарови.
Свети Атанасиј Велики, архиепископ Александриски На денешен ден се празнува преносот на неговите мошти и чудата произлезени од нив. А животот и подвигот на овој светител се опишани под 18 јануари: Роден во Александрија 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Симболот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски. Во архиепископскиот чин остана над четириесет години, иако не беше цело време на архиепископскиот престол. Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Од царевите најмногу го гонеа: Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидиски со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници. Беше принуден да се крие од гонителите дури и во бунар, во гроб, по приватни куќи, по пустини. На двапати бегаше во Рим. Дури пред смртта едно време проживеа мирно како добар пастир сред своето стадо, коешто вистински го љубеше. Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како Св. Атанасиј. Но, неговата голема душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и страшна борба. За совет, утеха и морална потпора често одеше кај Свети Антониј, кого го почитуваше како свој духовен отец. Човекот којшто ја формулираше најголемата вистина мораше и да пострада за таа вистина, додека Господ не го упокои во Своето Царство овој Свој верен раб, во 373 година.
|
|
11.05.2017. |
На 11. 05. 2017 година, Митрополитот Повардарски г. Агатангел беше во посета на неколку цркви во кавадаречкото архиерејско намесништво. Тој ги посети црквата во изградба „Вознесение Христово“ во демиркапиското секо Корешница, црквата „Св. вмч. Димитриј“ во кавадаречкото село Глишиќ, црквата „Св. Недела“ во селото Брушани, како и црквата „Св. Архангел Михаил“ во селото Дреново. При оваа посета присутен беше кавадаречкиот архиерејски намесник, страшините на посетените цркви и членови на црковните одбори. |
|
8.05.2017. |
На 07. 05. 2017 година, во Неделата на раслабениот, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители од кавадаречкото намесништво отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Демир Капија. На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го ракоположи во чин свештеник, ѓаконот Јовчо Крастовски од село Раброво. |
|
|