Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна
    
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 


Божествена Литургија во Битола (08.07.2012)
9.07.2012.

 

Sample Image

 

Во петтата недела по Педесетницата, кога Светата православна црква го чествува споменот на Преподобната маченичка Февронија и Преподобен Дионисиј; Неговото Високопресвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор австралиски г. Петар во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, чиноначалствуваше со Божествена Литургија во црквата „Св. Богородица“ во Битола. На Литургијата присуствуваа голем број верници, од кои поголем дел се причестија со Светите Христови Тајни.

 

 

Sample Image

 

 
Раѓање на св. Јован Претеча и Крстител Господов
7.07.2012.

 

Sample Image

 

На празникот на Раѓањето на св. Јован Претеча и Крстител Господов, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Архиерејска Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. На Литургијата сослужуваа протоереј Ристе Јанушев, свештеник Игор Пармачки и ѓаконите Влатко Стоименов и Јани Мулев, во присуство на голем број верници од Велес.

 

Sample Image
 
 Sample Image
 
 Sample Image
 
 Sample Image
 
 Sample Image

Раѓањето на Свети Јован Предвесник и Крстител Господов

Шест месеци пред своето јавување на Пресветата Дева Марија во Назарет, великиот архангел Божји Гавриил му се јави на првосвештеникот Захариј во ерусалимскиот храм. Пред да го објави чудесното зачнување на безмажната девица, архангелот го објави чудесното зачнување на една бездетна старица. Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем сѐ до осмиот ден по раѓањето на Јован. Тој ден се собраа роднините на Захарија и Елисавета за обрезание на младенецот за да му биде дадено име. Па кога го прашаа таткото кое име би сакал да му го даде на синот, тој бидејќи нем напиша на табличка: Ј о в а н. Јазикот му се одврза во тој час и тој почна да говори. Домот Захариев беше на височината меѓу Витлеем и Хеврон. Гласот дека на Захарија му се јави ангелот Божји, дека онеме, а потоа му се одврза јазикот штом го напиша името Јован, се разнесе по сиот Израил. Овој глас дојде и до Ирод. Затоа Ирод, кога испрати да се заколат децата во Витлеем, прати луѓе и во ридското престојувалиште на семејството Захариево, за да го убијат и Јован. Но Елисавета благовремено го сокри детето. Разјарен од ова, царот Ирод испрати џелати кај Захарија во храмот (зашто се погоди тој повторно беше чреден за служење во ерусалимскиот храм) да го убијат. Захариј беше убиен меѓу притворот и храмот, а неговата крв се засири и се скамени на плочите и остана како неизбришливо сведоштво против Ирод. Елисавета со детето се скри во една пештера, во којашто набрзо таа умре. Младенецот Јован остана сам во пустината, препуштен на грижа на Бога и Неговите ангели.

 

 
Св. Наум Охридски
4.07.2012.

 

Sample Image

 

„Светлите подвизи на твојот пречесен спомен, како големо сонце кое светли, ги просветува лицата на тие што те слават, бесовите, пак, и секоја болест, ги изгонува. Заради тоа, доаѓајќи со љубов, верно да го прославиме“ (кондак на св. Наум Охридски).

Споменот на свети Наум Охридски Чудотворец насекаде во Македонија, а особено во Охрид, во градот каде овој наш светител, просветител, црноризец, подвижник и чудотворец живеел и поучувал, секоја година е торжествено прославуван. И оваа година, во манастирот на Белото Езеро, којшто самиот тој го изгради со своите пречисти раце, со големи свечености го воспеавме свети Наума. Празнувањето започна на 02.07.2012 година со празнична Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот, еромонасите Доситеј и Јосиф, свештениците Никола Христоски, Димче Азески и Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. На Вечерната присуствуваше и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој од владичкиот трон му вознесуваше молитви на светиот Охридски Чудотворец. По завршувањето на вечерната беше отпеано и петолебието, а Митрополитот Агатангел се обрати кон мноштвото верни со пригодно слово во кое ги повика сите луѓе да се вратат кон моралните норми, всадени од Господа во срцето на човекот.

Прославата продолжи утредента, на 03.07.2012 година, кога беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитите Тимотеј и Агатангел, архимандритите Нектариј и Партениј, протоереј-ставрофор Тоди Јован од Албанската православна црква, еромонасите Доситеј и Јосиф, свештениците Никола Христоски и Димче Азески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. На овој прекрасен ден, еромонахот Јосиф беше произведен во чин игумен, а како знак на неговото игуменство му беа дадени надбедреник и граден крст. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Архиепископот Стефан се обрати кон паствата со пригодна беседа.

Навистина, прекрасна беше сликата да се видат илјадници верни, кои не штедејќи се себеси дојдоа од цела Македонија, но и од Албанија, да се поклонат на гробот на свети Наум и да ги испросат неговите молитви и неговото застапништво пред Бога. И ние го молиме светителот да „нè воведе во верата и да нè избави од сите искушенија. Амин!“

 

 

Sample Image
 
 Sample Image
 
 Sample Image
 
 Sample Image
 
 Sample Image
 
 Sample Image

 

 

Извор: Дебарско-кичевска епархија

 

 
Соопштение
2.07.2012.

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, на својата редовна седница одржана на 28 јуни 2012 г., ги избра Неговото Високопреподобие архимандритот г. ЈОСИФ (Пејовски) игумен на манастирот „Рождество на Пресвета Богородица”, Калишта, Струга, за викарен епископ на епархискиот архиереј на Полошко-кумановската православна епархија, со титула Епископ Лешочки и Неговото Преподобие јеромонахот г. ЈОСИФ (Тодоровски), од манастирот „Свети Јован Крстител - Бигорски”, за викарен епископ на епархискиот архиереј на Скопската православна епархија, со титула Епископ Велички.

Наречението на Епископот Лешочки г. Јосиф (Пејовски) ќе биде на 20 октомври 2012 г., во Соборниот архиепископски храм „Свети Климент Охридски” во Скопје, а хиротонијата за викарен епископ на Полошко-кумановската православна епархија ќе биде на 21 октомври 2012 г., во храмот „Свети Кирил и Методиј” во Тетово.

Наречението на Епископот Велички г. Јосиф (Тодоровски) ќе биде на 06 октомври 2012 г., во манастирот „Свети Климент Охридски” на Плаошник, во Охрид, а хиротонијата за викарен епископ на Скопската православна епархија ќе биде на 07 октомври 2012 г., во храмот „Света Софија”, во Охрид.

ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА САС НА МПЦ

Архимандрит д-р Јосиф Пејовски

Sample ImageРоден е во 1977 година во Прилеп. По завршувањето на средното образование, во 1995 година, се запишува на Богословскиот факултет “Свети Климент Охридски” во Скопје, каде што дипломира во 2000 година со одбрана на дипломскиот труд: „Иконите низ историјата на Црквата”. Следната, 2001 година, се запишува на постдипломски студии на Филозофскиот факултет, при Универзитетот „Светите Кирил и Методиј” во Скопје, каде што магистрира во јуни 2005 година, на тема “Сфаќањето на личноста во антропологијата на свети Григориј Палама”. Истата, 2005 година, на катедрата по догматика при Православниот Богословски факултет во Скопје пријавува докторат  на тема “Догматско-богословското учење за исихазмот во делата на свети Јован Лествичник, свети Симеон Нов Богослов и свети Григориј Палама”. Докторатот го одбранува во 2009 година под менторство на протојереј-ставрофор д-р Јован Таковски.

Замонашен е во 2005 година, кога е ракоположен и во јероѓакон, а следната 2006 година е ракоположен во јеромонашки чин. Во 2009 година е произведен во игумен на Калишкиот манастир: “Рождество на Пресвета Богородица”. Со одлука на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква во 2011 година е произведен во архимандрит. На 28.06.2012 година, е избран за Епископ лешочки, и е поставен за викар на Полошко-кумановскиот Митрополит, господин Кирил.

Јеромонах Јосиф Тодоровски

Sample ImageРоден е во 1982 година во Скопје. По завршувањето на основното образование, во 1997 година, се запишува во Македонската православна богословија: “Свети Климент Охридски” во Скопје, која со успех ја завршува во 2002 година. Веднаш потоа го започнува монашкиот подвиг во братството на Бигорскиот манастир: “Свети Јован Крстител”, а воедно, како вонреден студент се запишува на Православниот Богословски факултет: “Свети Климент Охридски” во Скопје,  каде дипломира во 2010 година, со одбрана на дипломскиот труд: “Богородица – почеток на Новиот Завет”. Замонашен е на 10.09.2003 година од страна на неговиот надлежен Архиереј, Митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј. Следната, 2004 година, е ракоположен во ѓаконски чин. За јеромонах е ракоположен на денот на манастирската слава на Бигорската обител, на 07.07.2006 година.

На 28.06.2012 година е избран за Епископ велички и е поставен за викар на Скопската православна епархија, со која раководи Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски, господин господин Стефан.

 

 
Трета недела по Педесетница
25.06.2012.
Sample Image
 

Во третата недела по Педесетница, кога Светата православна црква го чествува споменот на Светиот апостол Вартоломеј и светиот апостол Варнава, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес во сослужение на свештенослужители од Велес, како и игуменот на Согленската обител, јероѓаконот Авакум. Со празнична беседа до присутните се обрати свештеникот Мики Миовски, а потоа верниците се причестија со Светите Христови дарови.

  
 Sample Image
 
 Sample Image
 
 Sample Image
 
 Sample Image
 
 Sample Image
 

Sample Image

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, Амин!

Драги браќа и сестри,

Живееме во напорно време, во немаштија и проблеми. Многупати луѓето се во право кога ќе речат дека од грижи и од нервози не можат мирно да спијат. Но, стремежот кон безгрижен живот можеме да го оправдаме само доколку е тој поттикнат од примерите во Светото Евангелие. Таму, се оттргнува материјалното и се става во прв ред духовното, затоа што само тоа е од Бога благословено и полезно за нашите души.

Многу од нас мислат дека доколку си го обезбедат животот материјално, ќе немаат повеќе грижи. Тука се лажат, бидејќи има безброј примери во Светото Писмо, кои го докажуваат спротивното. За што му се на човека и сите пари на светот, ако пред сè, тој нема здравје, а понатаму, добрина и човечност во себе. Не треба да се натпреваруваме меѓу себе кој повеќе пари има, туку да гледаме да му помогнеме на оној што има помалку од нас.

Во Светото Евангелие убаво ни е кажано дека треба да бидеме ненаситни во материјална смисла. Богатиот имал добар род и немал повеќе место во старите амбари за да го собере житото, па затоа сакал да направи нови. Но, тоа го направил, мислејќи дека само уште тоа му фали во животот, мислел дека после тоа ќе живее вечно. Но, токму поради ова, Бог ни го дава следниот пример во Евангелието, прашувајќи: „Каде ќе го носиш сето богатство кога ќе ти ја побарам душата?“

Тоа, драги браќа и сестри, докажува дека нашите грижи треба да ги насочиме кон повозвишена цел, која води до спасение на душата, како што вели Светото Писмо: „Најпрвин барајте го Царството Божјо и Неговата правда и сè друго ќе ви биде дадено“. Доколку така постапуваме, можеме да бидеме сигурни дека Бог нема да не остави на цедило и ќе се погрижи за нас, како што се грижи секогаш. Треба да знаеме дека Бог за нас има план и ако се стремиме кон духовното, Тој секогаш ќе ни го покаже вистинскиот пат и ќе се погрижи за нас. Зашто, Тој, штом се грижи за птиците небески и полските цвеќиња, тогаш ние сме многу поважни од нив, затоа што ние го носиме образот Божји. Вистински примери за безгрижни луѓе биле светите апостоли. Тие кога биле повикани од Бога не поставувале прашања и не мислеле на тоа што ќе облечат и што ќе јадат, но секогаш биле задоволни и не биле ниту гладни, ниту необлечени.

За крај да кажеме уште еден пример кој ќе ни биде образец како да се молиме на Бога и што да бараме од Него. Тоа е Господовата молитва „Оче наш“, која ни го кажува редоследот, прво да го бараме Небесното Царство, а потоа лебот насушен.

Оче наш, кој си на небесата,

да се свети името Твое,

да дојде царството Твое,

да биде волјата Твоја,

како на небото, така и на земјата;

лебот наш насушен дај ни го денес

и прости ни ги долговите наши

како и ние што им ги проштеваме на нашите должници;

и не нè воведувај во искушение,

но избави нè од лукавиот.

Амин!

 
Матурира 44-та генерација богослови
20.06.2012.
Sample Image
 
На 16.06.2012-то лето Господово, на денот посветен на светиот свештеномаченик Лукијан, официјално го заврши своето петгодишно образование и матурираше четириесет и четвртата генерација ученици во Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“ во Скопје. По тој повод традиционално беше организирана пригодна свеченост. Чествувањето започна со Света Божествена Литургија во училишниот храм, која ја отслужија Митрополитите, Повардарски г. Агатангел и Преспанско-пелагониски г. Петар, а потоа следуваше свечен ручек. На ручекот, матурантите и колегиумот при МПБ „Свети Климент Охридски“ беа почестени со присуството на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, кој воедно годинава беше и пратеник на САС на МПЦ на матурските испити, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел-ректор на Богословијата, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, деканот на Богословскиот факултет протоереј Ацо Гиревски и протоѓакон Ратомир Гроздановски, професор на Богословскиот факултет.

На присутните најпрво им се обрати класниот раководител на матурантите проф. м -р Дарко Милев , па следуваше говорот на пратеникот на САС на МПЦ, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар и на крајот, од името на матурантите збор зеде, сега, веќе дипломираниот богослов г. Божин Трпески.

Потоа, матурантите еден по еден се претставија на гостите и ги примија своите дипломи.
 
Sample Image
 
 Sample Image
 
 Sample Image
 
 Sample Image
 
 Sample Image
 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 21 22 23 24 25 26 27 Следна > Крај >>

Резултати 913 - 950 од 998