Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна
    
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 


Архиерејска Божествена Литургија, Гевгелија
17.12.2012.

 

Sample Image

 

На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на Светиот пророк Софониј; Свети Јован Молчалник; и Преподобен Теодул, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на семакедонските просветители Кирил и Методиј во Гевгелија. На Литургијата сослужуваа свештенослужители од гевгелиското намесништво на Повардарската епархија. Верниот народ се причести со Светите Христови дарови.

 

Sample Image   Sample Image
 
Sample Image   Sample Image

 

 
Архиерејска Божествена Литургија во Струмица
13.12.2012.
Sample Image   Sample Image

Денес, на празникот на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици,  а по повод 45 години од возобновувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква и 1650 години од мачеништвото на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, во манастирот на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица, Архиерејска Божествена Литургија отслужи Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, надлежниот Митрополит Струмички г. Наум, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитот Брегалнички г. Иларион. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
 
Поопширно на сајтот на Македонската православна црква
 
Ракополагање на свештеник
10.12.2012.
Sample Image    Sample Image
 

Фотоматеријал од Божествената Литургија

На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на светиот великомаченик Георгиј Победоносец се отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Св. Климент Охридски“ во општина Чашка. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители, а присуствуваа голем број верници од општина Чашка и околните населени места. На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го ракоположи досегашниот ѓакон Јани Мулев во чин свештеник. Во словото кон новиот свештеник, Митрополитот истакна дека свештеникот треба мудро и верно да му служи на својот народ, и да се усовршува во добродетелта и да продолжи да работи посветено и ревносно во проповедањето на словото Божјо. 

На новиот свештеник Јани Мулев, кој досега беше вработен во издаваштвото на Повардарската епархија како уредник на нашето списание „Православна светлина“ му посакуваме успешно и плодно да долголетствува на нивата Господова.

 
Богослужби во епархискиот параклис
7.12.2012.
 
Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image

Прославата на патронот на Македонската Православна Црква, Свети Климент Охридски, во Повардарската епархија започна со Вечерна богослужба која се отслужи во епархискиот параклис, посветен на Свети Климент Охридски. На Вечерната богослужба чиноначалствуваше протоереј-ставрофор Славе Јованов во сослужение на протоереј Киро Ристов и ѓакон Влатко Стоименов. Голем број верници беа присутни на Вечерната Богослужба, каде молитвено се поклонија на Светителот - заштитник на Mакедонската Православна Црква и нејзините верни чеда.

По завршувањето на Вечерната богослужба, протоереј Киро Ристов имаше кратко излагање за значењето на Свети Климент за македонскиот народ и Македонската Црква.

На самиот ден на празникот на патронот на Македонската Православна Црква, Свети Климент, во епархискиот параклис беше отслужена Света Божествена Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше свештеник Борислав Бобевски.
По завршувањето на Литургијата беа прекршени славските колачи и беше послужена трпеза на љубовта.
Патронот на Македонската црква, Свети Климент, се прославува низ сите наши духовни светилишта, а централниот настан се случува во Скопје, најпрво со Вечерна богослужба во Mакедонската богословија, а на самиот ден на празнувањето со Божествена Литургија во Соборниот храм на Македонската црква посветен на Св. Климент. 

 

Sample Image   Sample Image
 
Sample Image   Sample Image
 
Започна чествувањето на патронот на МПЦ
7.12.2012.
 
Sample Image
 
Со голема Вечерна богослужба која се отслужи во црквата „Св. Вознесение Христово“ во Драчево започна чествувањето на свети Климент Охридски, патрониот заштитник и прв архиереј на Охридската архиепископија. На Вечерната чиноначалствуваше Митрополитот Брегалнички г. Иларион во присуство на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратот Австралиско-новозеландски г. Петар, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Европски г. Пимен, Епископот Велички г. Јосиф и Епископот Лешочки г. Јосиф. Прославата продолжи во средното богословско училиште „Св. Килимент Охридски“ со свечена академија и читање на најдобрите литературни творби.
 
 Sample Image
 Sample Image
 Sample Image
 
 
Чествување на патронот на МПЦ
6.12.2012.
Sample ImageПо повод прославата на празникот на патронот на Македонската Православна Црква, Свети Климент Охридски, утре со почеток во 18 часот, во епархискиот параклис посветен на Св. Климент во Велес ќе биде отслужена Вечерна Богослужба, а наредниот ден исто во епархискиот параклис со почеток во 08 часот ќе се отслужи Света Божествена Литургија.

 

Ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на Св. Методиј Климент, под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ. Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј - заедно наречени Петочисленици - го помина Дунав, поседе како гостин при царот Борис Михаил и потоа дојде во охридскиот крај. Прво основа манастир во Белица, кај што му беше и првото епископско седиште. Подоцна се пресели во Охрид и оттаму разви голема архипастирска и просветителска дејност за целата поблиска и подалечна околина. Во Охрид Свети Климент му подигна црква на Св. Пантелејмон. Имаше голем број ученици коишто ги препишуваа книгите со словенски букви за словенскиот народ. При таа дејност особено му помагаше Св. Наум. Вршеше чуда и за време на земниот живот, а неговите мошти до денешен ден пројавуваат исцелителна сила. После големиот труд и верната служба на Бога, се упокои мирно во Охрид, во 916 година. Не се знае кога и каде е точно роден, нема податоци за семејството и потеклото, освен дека бил закопан на 27 јули 916 година во манастирот на Плаошник во Охрид, што тој сам го изградил и го посветил на св. Пантелејмон. Кога манастирот бил претворен во џамија, моштите му биле пренесени во црквата Св. Богородица Перивлепта, која оттогаш е нарекувана со неговото име. Моштите му се повторно вратени во август 2002 година по обновата и осветувањето на неговиот манастир.

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 21 22 23 24 25 Следна > Крај >>

Резултати 799 - 836 од 943