Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна
Sample Image     Sample Image
 


Повик за Семакедонски православен Собор
24.09.2025.

 

Повик на Митрополитот Повардарски г. Агатангел

кон македонскиот православен народ

На 05. 10. 2025 година, на денот кога Светата Македонска православна црква - Охридска архиепископија го чествува празникот на Сите Македонски Светители, во храмот Св. Кирил и Методиј во Велес ќе се одржи традиционалниот Семакедонски православен христијански собор.

 

Sample Image

 

Семакедонскиот црковно-народен собор, почнувајќи од 1998 година, веќе дваесет и седум години по ред се одржува во првата недела од месец октомври, кога нашата Света Македонска православна црква го има востановено овој македонски црковен празник на кој се одбележува споменот на Сите Македонски Светители од сите епохи и векови. На овој благочестив ден за нашиот македонски народ, на едно место, во огромен број, масовно се собираат православните христијани од сите македонски градови од цела етничка Македонија, како и од сета поблиска или подалечна дијаспора. Првата недела од месец октомври не е случајно избрана. Во далечната 1958 година, од 4 до 6 октомври, во катедралниот храм на Охридските Архиепископи Света Софија во Охрид се има одржано Вториот Црковно-народен Собор, на кој е донесена Одлуката за возобновување на Славната Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква. Токму во чест и спомен на овој исклучителен историски настан Светиот Архиерејски Синод на нашата Света Македонска Црква го има востановено чествувањето на овој Семакедонски празник.

Македонските христијани, на овој величествен национален празник, со огромна радост во своите срца се сеќаваат на нашето славно и свето минато. На овој ден ги славиме големите духовни дела и достигнувања на македонските небесни застапници. На празникот на Сите Македонски Светители, македонскиот народ се потсетува и угледува на своите од Бога и од Црквата прославени и просветени предци. Тогаш Македонската Црква им благодари и им се поклонува на нашите славни сонародници кои за време на нивните животи, преку подвизи и разни себеодрекувања Христа Бога достојно Го прославиле во своите срца. Од Апостол Павле, па наваму, преку првата европска христијанка Света Лидија Македонка, преку Светите Седмочисленици, преку Светите отци наши од преродбенскиот период, па сè до Светиот Гаврил Епископот Велички од поново време, на земјата македонска се раѓале и живееле духовни великани кои надалеку го прославиле македонското име. Тие нам ни имаат оставено во наследство огромни спасоносни примери, кои ние во ова тешко и неизвесно време со силна вера и надеж во Господа имаме можност да ги примениме и надоградиме во нашите животи. На овој ден македонскиот народ го изразува и зацврснува своето единство и единомислие во православната вера. На овој начин сплотени, ние истовремено ја покажуваме и својата посветеност кон традиционалните христијански и евангелски вредности, кои во текот на илјадници години го чувале, го граделе и умудрувале овој народ. Христијанските вредности се основна нитка од нашиот македонски национален идентитет, тие се неизоставен дел од она што сме биле, што сме сега и што во иднина ќе бидеме. Затоа е важно да му го дадеме и да го истакнеме вистинското значење на овој Семакедонски Собор кој со својата накана и со својата содржина има за цел да го обедини македонскиот народ, кој со смирена молитва и преку правилен и доблесен живот вечно ќе го сведочи и ќе го чува Бога во нашите македонски срца.

Се повикува целиот македонски православен народ масовно да земе учество и да го збогати со своето присуство Семакедонскиот православен христијански собор, кој на 05. 10. 2025 година ќе се одржи во Црквата Свети Кирил и Методиј во Велес;

-          Пречек на Архиереите и почеток на Светата Архиерејска литургија - 08. 45 часот;

-          Чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан, во сослужение на Архиереите на Македонската православна црква - Охридска архиепископија и на бројно македонско православно свештенство;

 

 

 
Рождество на Пресвета Богородица
22.09.2025.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На празникот на раѓањето на мајката над сите мајки, мајката од чија утроба се роди Спасителот на светот, која што прва го слушна гласот на ангелот како и довикува: „Радувај се, благодатна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените!“, многуброен народ доаѓа да ги посети Божјите храмови низ целиот свет и со молитвено поклонение и молитви кон Божјата Мајка да го побара нејзиното застапништво пред престолот на Господ Бог, Исус Христос.

Митрополитот Повардарски г. Агатангел на овој ден чиноначалствуваше со Архиерејската Божествена Литургија во Согленскиот манастир.

 

 
Осветување на црквата „Света Троица“ во Иванковци
14.09.2025.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

По благоволието на нашиот Бог Света Троица, Отецот и Синот и Светиот Дух, на ден 14.09.2025 Лето Господово, во велешкото село Иванковци, се изврши осветување на велелепниот храм „Света Троица“.

Светиот чин на осветување на храмот го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство на Повардарската епархија, а потоа ја отслужи и првата Божествена Литургија во него.

Храмот се изгради под покровителство на Повардарска епархија и со финансиски средства на ктиторот Грозде Илиевски и неговото семејство, како и со доброволни прилози на православните христијани од селото Иванковци и од цела Македонија, кои се запишани во книгата на ктиторите, помагателите и украсителите на овој свет православен храм. Митрополитот Агатангел во оваа прилика, го одликуваше ктиторот на храмот, г-дин Грозде Илиевски, со највисокото признание на Повардарската епархија, Орден за црковни заслуги.

Чинот на осветувањето на црквата молитвено го проследија многубројни верници од селото Иванковци, околните села, Велес, но и од други македонски градови, меѓу кои присутни беа и Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев и пратениците во македонското Собрание, г-дин Игор Здравковски и г-дин Александар Јамалов.

Фрескоживописот и иконите во црквата ги изработија зографите Велче Свеќаров и Гоце Василески од Велес, а иконостасот го изработи копаничарот Ванчо Чаушовски од Берово.

 

 
Отсекување на главата на св. Јован Крстител
12.09.2025.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На 11 септември, Црквата го оживува споменот за маченичката смрт на Свети Јован Крстител. По тој повод, во манастирот посветен на овој светител во местото Ветерско беше отслужена Света Божествена Литургија, со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел. По Литургијата беше извршен Водосвет и прекршување на празничните лебови.

 

 
Света Божествена Литургија во Демир Капија
9.09.2025.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Во 13-та седмица по Педесетница, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенослужители од кавадаречкото архиерејско намесништво на Повардарската епархија, отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Демир Капија. На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го потсрижа во чин чтец Диме Мелов од Демир Капија.

 

 

 
Призив на Светиот Дух
3.09.2025.

 

Sample Image

 

„Без мене не можете да направите ништо“ вели Словото Божјо, па затоа секоја година во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево на почетокот на новата учебна година на Божествена Литургија на која присуствуваат сите ученици на Богословијата, се извршува чинот призив на Светиот Дух.

Овој чин се извршува за просветување и очистување на срцата и умовите на богословите за да можат преку подвижнички живот и со Божја помош да ја совладаат науката над науките и да дојдат до Богопознание.

На Божествената Литургија во параклисот во Богословијата во Драчево чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, кој е воедно и ректор на Богословијата, во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и на дел од свештениците-професори во Богословијата.

Со благослов на Митрополитот и ректор на МПБ г. Агатангел, поздравно слово произнесе Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. 

 

Sample Image   Sample Image
Sample Image   Sample Image

 

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 77 - 114 од 1749