Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Недела на Св. Марија Египетска
15.04.2019.

 

Sample Image

 

Sample Image Во петтата надела од Великиот пост, посветена на Света Марија Египетска, во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес се отслужи Света Божествена Василиева Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители.

 

 
Акатист кон Пресвета Богородица
15.04.2019.

 

Sample Image

 

Sample Image На 12. 04. 2019 година,  во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес беше отслужено мало Повечерие со целиот Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужбата присуствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а служеа повеќе свештенослужители од градот Велес. Инаку на оваа вечерна богослужба, се чита целиот Акатист кон Пресвета Богородица, кој пак, за време на Великиот Пост се служи во петоците од петте седмици од Великиот пост.

По завршувањето на малото Повечерие традиционално беа осветени петолебија, кои верниците ги земаат за здравје и благосостојба.

Акатист кон Пресвета Богородица беше отслужен и во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес.

 

 
Литургија на претходно осветени дарови
12.04.2019.

 

Sample Image

 

Sample Image Во петок од петтата седмица од Великиот Пост, во манастирот „Свето Вознесние Христово“ беше отслужена Утрена богослужба со великопосни часови и Литургија на претходно осветени дарови. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенство од гевгелиското архиерејско намесништво.

 

 
Став на Митрополитот Агатангел
11.04.2019.

ОМРАЗАТА НА ПОГЛАВАРОТ

Ве молам да ми простите, бидејќи, како Митрополит на Светата Македонска православна црква, не можам да премолчам за ова неправда!

Господинот Сулејман Реџепи воопшто не наликува на верник кој преку своите верски принципи и морални норми и правила најпрво ги победува своите слабости и страсти, а потоа и со многу љубов и разбирање го прегрнува целото создание и сè што дише на овој свет. Тој многу повеќе личи на плиток и недоделкан човек, исполнет со огромни предрасуди за поразличниот од себе, па затоа, речиси во сите негови изјави и јавни настапи, го засрамува секој чесен и искрен муслиман во нашата татковина Македонија. Господин Реџепи е гласноговорник и хушкач на национална и верска нетрпеливост и во исто време е предан заштитник на погубниот тероризам и насилие. Тој е типичен претставник на неморалноста, летаргијата, контрадикторноста и лудилото, кои со години однатре го нагризуваат и разнебитуваат нашево општество и ја шират одвратната реа на пеколната запустеност. Сулејман Реџепи е црниот ангел на поделбите, па со своите изјави ги нахранува екстремистите на кои единствена светиња им се крвопролевањата насекаде во белиот свет. Затоа, ставовите на овој залутан човек во верата се семе на раздорите, кое едвај чека да биде полеано од дивите по душа, од кое пак подоцна, неминовно и неконтролирано ќе никне разгранетото дрво на омразата, која бездруго е опасна по живот.

Изјавата на г. Сулејман Реџепи не ги повредува чувствата само на христијаните, туку и на муслиманите, бидејќи огромен дел од ИВЗ се токму Македонците муслимани. И тие ли диви и без идентитет? За жал, македонското општество, кое се стремиме да го изградиме како мултикултурно, со децении толерира вакви полулуѓе, чии дела и постапки сведочат за основната невоспитаност на овие недоветни провокатори, чија нечовечност во однесувањето е многу далеку над границите на пристојноста. Затоа, доколку сакаме да бидеме нормално општество, мораме час поскоро да ги пресретнеме ваквите одвратни однесувања, а мораме и да создадеме делотворен механизам за превенција, како воопшто не би дошло до нивна несакана појава. Господин Сулејман е рак - рана на општеството и затоа соодветно, како што и му доликува, треба да биде препознаен и третиран како заразено ткиво кое се заканува да го оболи целото тело.

Верскиот лидер треба да биде совест на државата, носечки столб на моралноста и основа и темел на мирот, љубовта и толеранцијата. Ефенди Сулејман очигледно ја промашил професијата, па заседнал на едно благородно место, кое воопшто не одговара на погледот на светот на еден Верски поглавар. Ако вака јавно ја покажува својата нецивилизираност, можеме само да си замислиме какви ли сè не гадости промовира и проповеда зад затворени врати? Опасен човек е ефенди Сулејман Реџепи, неговото однесување е налик на разорна бомба во рацете на безумниот. На денешните генерации, од сите значајни фактори во државата им треба огромна поддршка и правилно раководење. Верските лидери, пак, треба високо да се издигнат над секоја приземна предрасуда која внесува немир во човековата душа. Човекот од верата не повредува и понижува никого па колку и да е поразличен од него. Ако пак решил да постапува спротивно, чесно би било да ги напушти своите верски доктрини и обележја, па нека се стопи со светот и со сите негови карикирани и патолошки лудости. Показател на тоа колку му е грижа на г. Реџепи за правдата и вистината е фактот дека тој, како Верски Поглавар на една голема и значајна Верска заедница, воопшто не реагираше, кога мрачните сили на овој свет, вршеа континуирано насилие врз македонскиот народ за да го промени своето вековно и исконско име. Впрочем, сите имавме некое чувство дека тој не само што ја поддржува оваа неправда, туку и оставаше впечаток дека се наситува од несреќата на слабиот и незаштитен македонски народ, кој во значаен дел припаѓа на ИВЗ со која тој раководи. 

Господин Сулејман Реџепи е тргнат на патот на омразата, а таа одвратна и примитивна нарав, најпрво беспомошно го разјадува човекот однатре, а потоа и духовно ги уништува и оние кои се напиваат од нејзините отровни и горчливи сокови.

 

Митрополит Повардарски

†Агатангел (Станковски)

 
Благовештение
8.04.2019.

 

Sample Image

Sample Image И годинава, голем број на верници во Велес ги посетија православните храмови, присуствувајќи на Божествените Литургии по повод овој ден, за повторно и повторно да ја слушнат  благата вест.  Со оваа архангелска благовест и со слегувањето на Светиот Дух врз Пречистата Дева, започна спасението на луѓето и обновата на созданието. Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес.

 
Четврта статија од Богородичниот Акатист
8.04.2019.

 

Sample Image

 

Sample Image Во четвртиот петок од Великиот Пост, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, беше отслужено мало повечерие со последната, четврта статија од Богородичниот Акатист. На вечерната богослужба сослужуваа  повеќе свештенослужители од градот. По читањето на последната статија од Акатистот, свештениците ги осветија петолебијата за здравје и спасение на верниците. 

 

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следна > Крај >>

Резултати 723 - 760 од 1654