Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


СООПШТЕНИЕ!
28.06.2019.

 

Sample Image

 

Се известуваат сите благочестиви верни чеда во Господа, дека на утрешната Литургија во храмот на Рождеството Богородично во Скопје, ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел  во сослужение на многубројно свештенство од повеќе епархии на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија. Литургијата е со почеток во 08,30 часот, и потоа сите заедно ќе учествуваме во ПОВОРКАТА ПОСВЕТЕНА НА СВЕДОЧЕЊЕТО НА ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ СЕМЕЈНИ ВРЕДНОСТИ. Ги повикуваме сите наши духовни чеда, браќа и сестри во Христа, да присуствуваат со цел што посилно да посведочиме, сите заедно со семејствата, што за нас како христијански народ е нормално и прифатливо.

 
Недела на сите светии
24.06.2019.

 

Sample Image

 

Sample Image Во првата Недела по Педесетница (Недела на Сите Светии), Неговото високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи света Божествена Литургија во храмот „Преподобна Параскева Петка“ во Кавадарци во сослужение на свештеници од кавадаречкото архиерејско намесништво. На Литургијата верниот народ се Причести со Светите Христови Тајни.

 

 

 
Втор ден Духовден
18.06.2019.

 

Sample Image

 

Sample Image На 17.06.2019 година, во понеделникот на Светиот Дух, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, отслужи Света Златоустова Литургија во манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во Валандово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 
Реакција на Митрополит Агатангел
17.06.2019.

Sample ImageЖивеејќи под постојан стрес и притисок врз неговиот дух, современиот човек, тешко и безуспешно го определува своето место во новата епоха. Од едната страна се наоѓа неговото домашно воспитание, а од другата, е соочен со секојдневно пласирање на т.н. „нови вредности“, кои во голема мера се косат со неговото сфаќање за моралот и етиката. Нашето време, покрај сите слабости, сепак најмногу го одликува константната тортура на малцинството врз мнозинството во сите домени на нашето општествено живеење.

Деновиве, едно такво насилство ја окупира македонската јавност, кога припадниците на ЛГБТ-заедницата ни приредија сатански перформанси во Музејот на современата уметност, притоа повредувајќи ги верските чувства на најмногубројната верска заедница во нашата татковина Македонија. За иронијата да биде поголема, целиот овој накараден ритуал и сево ова исмевање со христијанските светињи, беше наградено со аплауз и одобрување на еден поранешен министер за внатрешни и надворешни работи г. Љубомир Фрчковски и на двајца поранешни министри за култура г. Слободан Унковски и г. Роберт Алаѓозовски. Новото време, во кое се индустријализира речиси сè па и човековите права, во борбата за профит не води никаква грижа за човековото достоинство, за неговото духовно и телесно здравје, па и за она што воопшто е нормално.

Манипулацијата со нормалното, од нашата татковина ќе создаде територија во која секакви опскурни групи и здруженија непречено ќе експериментираат со своите погубни идеи, претворајќи ја Македонија во провинциска карикатура на европската цивилизација. Ослабен и збунет од страшните омаловажувања и насилства, кои како на филмска лента се подредија во последново столетие, современиот Македонец наликува на заробен војник на бојното поле, кој губи ориентација за она што е нормално, па во неговата душа единствено почнува да егзистира нагонот за преживување. Затоа, и ги пишуваме овие редови, со надеж дека ќе се издигнеме и ќе се спасиме од оваа нововековна Содома и Гомора и барем малку ќе си го вратиме чувството за она што е просто човечко.

ЛГБТ-заедницата, како една од ударните тупаници на оние што плански и трпеливо работат на уништување на човештвото и на неговите проверени традиционални вредности, е редовен корисник на нивните огромни финансиски фондови. Ако порано човештвото се уништуваше преку страшни војни и заразни болести, сега истото тоа се прави однатре, преку насилство на духот и преку нарушување на духовното здравје. Во борбата за профит ништо повеќе не е свето, освен егоизмот и високоумието.

Насилството врз духот и природата раѓа дегенерираност, која го бутка човештвото во длабок и темен бунар од кој речиси е невозможно да се согледа светлото на денот. Македонија, пристапувајќи рефлексно и некритички кон лудостите што ни доаѓаат од т.н. „модерен Запад“ се доведува во опасност да се „европиеизира“ единствено во криминалот и неморалноста. Затоа е крајно време да си ја зграпчиме нормалноста, да се потсетиме и да се вратиме на древните традиционални вредности, кои со милениуми го очовечувале човештвото, го чувале неговото духовно и телесно здравје и ја поттикнувале неговата благородност и креативност. Потонат во неморал и залуденост, од новиот човек полека ќе си заминуваат срамот и радоста на животот и на нивно место ќе биде засадена тагата, потиштеноста и суетата. ЛГБТ-заедницата е алатка во рацете на нечестивите профитери и ним воопшто не им е грижа за човековите права. Ако навистина беа посветени на овие вистински благородни цели, тогаш, немаше со мирна совест да ги повредуваат чувствата на македонскиот православен народ. Сигурен сум дека од разните здруженија, комитети и невладини организации, кои се занимаваат со оваа проблематика, нема да чуеме ниту еден збор на осуда, бидејќи и тие, налик на ЛГБТ, како пијавици се закачени на истиот извор на крвави пари.

Ова му е познато на секој паметен и здравомислечки човек во оваа држава. Не сакам да ме разберете погрешно, но замислете што би им се случило на истите овие борци за човекови права и слободи, ако, не дај боже, се исмеваа со муслиманските светињи. Во тоа и се состои нивното лицемерство. Нивен објект за напад е христијанството, тука се силни и распаметени, иако во христијанските земји никој ниту ги напаѓа, ниту им ги сече главите, ниту ги распнува на крст. Христијаните, за разлика од муслиманите, немаат нафта од чија експлоатација си го полнат ковчежето со ним љубените крвави сребреници. Кога не би имале корист од муслиманите, би ги сотреле во еден ден, како што тоа впрочем моментално и го прават врз муслиманските мирољубиви народи од Блискиот Исток. Зелените долари се тотемот во чие подножје секојдневно принесуваат човечки жртви. За нив војната е мир, слободата е ропство, а незнаењето е сила.

Врз основа на овие постулати ја градат новата цивилизација и нивните регресивни начела ни ги продаваат како нешто напредно, урбано и прогресивно. Денес, нормалниот збор веднаш се прогласува за политички некоректен, а нормалниот човек за заостанат. Јазикот на политичката коректност прави лагите да звучат вистинито, убиството да биде достојно за почит, а ветрот и маглата да бидат цврсти како карпа. Затоа, говорејќи со јазикот на доблеста, задача на нашата генерација е да му застане на патот на насилството и да се избори за нормалноста. Тие, на своја страна ги имаат сите моќни влади, сиот капитал, сите погубни оружја на овој свет, а ние на нашата ги имаме здравиот разум и вистината. Во време на измама, да се зборува вистината е револуционерен чин. Нивната моќ е обессилена, бидејќи ние сме господари на својата волја и на својот живот. Сè на овој свет ни е дозволено, но не е сè полезно, сè ни е дозволено, но не сакаме ништо да завладее со нашите битија. Наша дика и наша гордост се добрите дела и добрата мисла и развевајќи го бајракот на слободата, скромно, достоинствено и без страв, планираме да парадираме во сите дни од нашите животи.

 

МИТРОПОЛИТ ПОВАРДАРСКИ

Агатангел (Станковски)

 
Педесетница - Духовден
13.06.2019.

 Sample ImageСветата Педесетница - роденденот на светата Црква - денот кога Светиот Дух во вид на огнени јазици се симна врз апостолите и ги направи носители на благодатта Божја, создавајќи од нив свет собор на сите оние кои се повикани за спасение на тој начин што со својот живот и со своите дела ќе се вградат во телото на Црквата, секоја година свечено се прославува во сите православни храмови насекаде по светот.

Света Божествена Литургија се служеше и низ сите храмови во Повардарската епархија, а централното чествување на првиот ден од Педесетницата се одржа во Соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, каде што Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија.

По причестувањето на дел од верниците Митрополитот и свештенослужителите пристапија кон служење и на Вечерната богослужба, која во овој ден се извршува веднаш по Литургијата. По големот прокимен од страна на Владиката и свештенослужителите беа прочитани трите долги молитви предвидени за овој ден.

Sample Image Новозаветната Педесетница е денот на славното исполнување на ветувањето за Христовото испраќање на Светиот Дух врз апостолите. Ова е крајно радосен, извонреден и утешителен настан. Куќата во која тие пребиваат еднодушни одеднаш е преисполнета со шум од небото, сличен на силен ветар, а разделени јазици, како огнени, се спуштаат врз секого од учениците. Од ова тие се исполнуваат со Дух Свети и почнуваат да го благовестат Евангелието на разни јазици, онака како што Светиот Дух им даваше да изговараат. За разлика од мистиката на Успението на Пресвета Богородица, на пример, при доаѓањето на славата на Господ и другите одондестрани и чудесни појави кое им се открива како видение на некои од присутните, настаните на Педесетница стануваат очигледни за сите, не само за достојните. За да ги видат, на ерусалимјаните не им беше неопходен духовниот вид, иако на виденото не дадоа сите еднаков духовен одговор. Значи, зборувањето на сите јазици на кои луѓето од Ерусалим зборуваа (бидејќи во него живееја дојденци од разни краеви) едни го гледаа како прекрасно чудо, други како знак на пијанство. Петар вдахновено го објаснува настанот и ги упатува на пророштвата за овој настан до Избраниот народ дојдени преку Пророкот Јоил. Благовеста на Петар допре до срцата на многубројните луѓе што го чуја и тие го примија покајанието заради името на Исуса Христа. Во тој ден се крстија и присоединија кон Црквата Христова околу три илјади души. Оттогаш наваму Педесетница се смета за роденеден на црквата Божја. За првпат по падот човекот ипостасно Го прима Светиот Дух и ја добива полната и реална можност да живее според благодатта.

 
Вознесение Христово - Спасовден
7.06.2019.

 

Sample Image

 

Sample Image

На празникот на Светото Вознесение Христово, во храмот посветен на Вознесението во Велес беше отслужена Света Божествена Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе клирици на епархијата. Традиционално, молитвено присуствуваа голем број верници од градот Велес. На Литургијата со празнично слово се обрати свештеник Драги Гаштарски. На почетокот на Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го потстрижа во чин чтец, богословот Бране Николов од Велес. По завршувањето на Литургијата беше осветена вода и беа осветени и прекршени празничните колачи. Со благослов на Митрополитот Агатангел неодамна започна, а пред празнувањето на Вознесението Христово успешно се заврши обновата на фасадата на црквата.

Вознесение Христово

Четириесет дена по Воскресението, Спасителот го остварува она што го вети од почетокот. Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната страна на Отецот. Одењето кај Отецот е чин јавен: се случува пред очите на апостолите. Христос се подига во воздухот и облак Го подзема носејќи Го на небото. Последните пораки што им ги дава се подготовки за Педесетницата. Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот, за кое сте слушале од Мене! Зашто Јован крштеваше со вода, а вие не по многу дни од денес, ќе бидете крстени со Светиот Дух.

А тие, кога се собраа, Го прашаа велејќи: Во ова време ли го востановуваш, Господи, царството Израилево? И Он им одговори: Не е ваше да ги знаете времињата или годините, што Отецот ги задржал во Своја власт; но ќе примите сила, кога врз вас ќе слезе Светиот Дух; и ќе Ми бидете сведоци и во цела Јудеја и Самарија, и дури до крајот на земјата (Дела 1, 4 - 8). И веднаш, додека гледаа како се крева на небото, двајца мажи во бела облека, всушност ангели, благовестеа за Второто доаѓање на Христос на земјата. Наспроти упатството да не умуваат околу времињата на овие настани, кои се во Божја власт, во првите години па и векови по Вознесението, христијаните очекуваа самите да бидат очевидци на земјата на славната Парусија Господова.

 

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следна > Крај >>

Резултати 685 - 722 од 1641