Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Заупокоена Литургија
9.02.2021.

 

Sample Image

 

На 05.02.2021 година, кога Црквата го прославува поменот на светиот свештеномаченик Климент Анкирски и на светиот маченик Агатангел, во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје беше отслужена Заупокоена архијерејска литургија со четириеседневен помен за блаженоупокоениот поранешен Митрополит Европски Горазд.

На Литургијата, во присуство на Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на Митрополитот Европски Пимен. Присутен на литургијата беше и Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

Потоа беше отслужена Панихида во манастирот „Свети Илија“ во Чардак, местото на вечното почивалиште на блаженоупокоениот Митрополит Горазд.

Повеќе информации на веб страната на Скопската епархија.

 
Свети Атанасиј Велики
1.02.2021.

 

Sample Image

 

Sample Image На денот на кој Светата православна црква го чествува Светиот Атанасиј Велики, архиепископ Александриски, се отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на овој светител во Неготино, град чии жители го слават Светиот Атанасиј како свој патрон и заштитник, па затоа и масовно ја посетуваат црквата на овој ден, молитвено просејќи го застапништвото од светителот. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а сослужуваа свештенослужители од кавадаречкото намесништво. Повеќе верници застанаа пред Светиот Путир, примајќи ги Светите Христови дарови, а потоа беа прекршени и празничните колачи.

Свети Атанасиј Велики, архиепископ Александриски    

Sample ImageНа денешен ден се празнува преносот на неговите мошти и чудата произлезени од нив. А животот и подвигот на овој светител се опишани под 18 јануари: Роден во Александрија 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Симболот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски. Во архиепископскиот чин остана над четириесет години, иако не беше цело време на архиепископскиот престол. Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Од царевите најмногу го гонеа: Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидиски со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници. Беше принуден да се крие од гонителите дури и во бунар, во гроб, по приватни куќи, по пустини. На двапати бегаше во Рим. Дури пред смртта едно време проживеа мирно како добар пастир сред своето стадо, коешто вистински го љубеше. Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како Св. Атанасиј. Но, неговата голема душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и страшна борба. За совет, утеха и морална потпора често одеше кај Свети Антониј, кого го почитуваше како свој духовен отец. Човекот којшто ја формулираше најголемата вистина мораше и да пострада за таа вистина, додека Господ не го упокои во Своето Царство овој Свој верен раб, во 373 година.

 
Собор на свети Јован Крстител
22.01.2021.

 

Sample Image

 

Sample Image На 20.01.2021, на денот кога Светата православна црква го чествува Соборот на Св. Јован Крстител, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе свештенослужители, отслужи Божествена Архиерејска Литургија во Ветерскиот манастир, посветен на свети Јован.

 

 
Богојавление - Водици
22.01.2021.

 

Sample Image

 

Sample ImageНа Богојавление, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи света Божествена Литургија во храмот „Свето Вознесение Христово“. По завршувањето на Литургијата се изврши осветувањето на водите на реката Вардар, но годинава не беше фрлен чесниот и животворен крст во водите.  

 
Богојавленски водосвет
18.01.2021.

 

Sample Image

 

Sample Image Ден пред големиот христијански празник Богојавление - Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет. Оваа година осветувањето на водите се изврши во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, каде се отслужи Вечерна со Василиева Литургија, а потоа во сослужение на присутните свештеници Митрополитот Повардарски г. Агатангел ја освети водата за здравје и спасение на верниците.
 
Свети Серафим Саровски
18.01.2021.

 

Sample Image

 

Sample Image На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на преподобниот Серафим Саровски, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во параклисот во митрополитската резиденција на Повардарската епархија посветен на овој светител. 

 

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следна > Крај >>

Резултати 495 - 532 од 1635