Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Православна светлина бр. 55
5.10.2020.
Sample Image Излезе од печат 55-то издание на списанието „Православна Светлина“.  И во овој обработивме многу нови душеполезни теми, од кои се надеваме дека читателската публика ќе пронајде поука. Се надеваме дека и овој празничен број на Православна Светлина ќе биде радосна вест за сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко. Вашиот примерок од новиот број ќе можете да го земете во сите храмови низ Повардарската епархија.
 
 
Собор на сите Македонски светители
5.10.2020.

 

Sample Image

 

На 04. 10. 2020 година, на празникот  Собор на сите Македонски светители, во соборниот Архиепископски храм „Св. Климент Охридски“, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана прва г.г.Стефан во сослужение на митрополитите Повардарски г. Агатангел, Брегалнички г. Иларион, Тетовско-гостиварски г. Јосиф отслужи света Божествена Литургија. Пред литургијата беше осветен новиот фрескоживопис во соборниот храм.

 

 
Молебен за успешна школска година
30.09.2020.

 

Sample Image

 

Sample Image На 30. 09. 2020 година кога Светата Православна Црква го празнува споменот на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес се отслужи Света Божествена Литургија. На Литургијата служеа свештенослужители од градот Велес. По Литургијата се отслужи молебен за успешна школска година за Човекољубиот Господ, нашиот Спасител, да ги просветли сите ученици, за да бидат за радост на своите родители и од полза на нашата татковина и на Светата Црква. 

 
Литургија во манастирот „Св. Јован“ во Ветерско
29.09.2020.

 

Sample Image

 

Sample Image На 29. 09. 2020 година, по повод прославата од годишнината од преосветувањето на манастирската црква „Св. Јован Крстител“ во Ветерско, се отслужи Света Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел. На Литургијата сослужуваа свештенослужители од сите намесништва на епархијата, а молитвено присуствуваа многумина верни. По завршување на Литургијата се осветија славските колачи.

 
Воздвижение на Чесниот Крст - Крстовден
28.09.2020.

 

Sample Image

 

Крстот нè повикува да се поклониме на распнатиот Христос. Крстот е знамето на православието, крстот е знамето на христијаните, крстот е спасението на човештвото, крстот го победува сатаната, крстот  нè искачува во царството небесно.

Sample Image На празникот на пронаоѓањето на чесниот Крст, Митрополитот Повардарски отслужи Света Литургија во храмот на светото Вознесение Христово во Велес. На Литургијата сослужуваа повеќе клирици на Повардарската епархија, а пред чесниот Крст се поклонија голем број верници.

Sample ImageНа овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Ерусалим. Обиколувајќи ја Светата Земја Св. царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христос. Некој старец Евреин, по име Јуда, единствен знаеше за местото каде што се наоѓаше Крстот, па принуден од царицата изјави дека Крстот е закопан под храмот на Венера, којшто на Голгота го подигна царот Адријан. Царицата нареди и го разурнаа оној идолски храм, па копајќи во длабочина најдоа три крста. Додека царицата беше во недоумение како да го распознае Христовиот Крст, покрај местото поминуваше поворка со мртовец. Тогаш патријархот Макариј рече да ги полагаат крстовите редум врз мртовецот. А кога го ставија врз него третиот крст, покојникот оживе. По тоа познаа дека е тоа вистинскиот Христов крст, чесен и животворен. Потоа го положија врз една болна жена и жената оздраве. Тогаш патријархот го крена крстот за да го види сиот народ, а народот со солзи пееше: „Господи помилуј!“ Царицата Елена направи ковчег од сребро и го положи во него Чесниот Крст. Подоцна, кога царот Хозрој го зазеде Ерусалим, многумина ги одведе во ропство, а Крстот Господов го однесе во Персија. Во Персија Крстот лежеше четиринаесет години. Во 628 година грчкиот цар Ираклиј го победи Хозрој и со слава го поврати Крстот во Ерусалим. Влегувајќи во градот царот Ираклиј го носеше Крстот на своите плеќи. Но одеднаш застана и не можеше да зачекори ни чекор. Патријархот Захариј виде ангел којшто му попречуваше на царот во раскошни облеки да оди под Крстот, по оној пат по којшто Господ одеше бос и понижен. Тоа видение патријархот му го објави на царот. Тогаш царот се слече, па босоног и во бедна облека го зеде Крстот, го изнесе на Голгота и го положи во храмот на Воскресението, на радост и за утеха на целиот христијански свет.

 
Рождество на Пресвета Богородица
22.09.2020.

 

Sample Image

 

Sample Image На празникот на раѓањето на мајката над сите мајки, мајката од чија утроба се роди Спасителот на светот, која што прва го слушна гласот на ангелот како и довикува: „Радувај се, благодатна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените!“, многуброен народ доаѓа  да ги посети Божјите храмови низ целиот свет и со молитвено поклонение и молитви кон Божјата Мајка да го побара нејзиното застапништво пред престолот на Господ Бог, Исус Христос.

Митрополитот Повардарски г. Агатангел чиноначалствуваше со Архиерејската Божествена Литургија во црквата посветена на Успението на Мајката Божја во Велес. На Литургијата сослужуваа свештенослужители од велешкото намесништво на Повардарската епархија. Црквата беше исполнета со верни души кои молитвено го побараа застапништвото на Мајката Божја пред престолот на Спасителот, за здравје и спасение на нивните души. Многумина од присутните верници пристапија кон Светата Тајна – Евхаристија и се причестија со Светите Христови дарови.

Во предвечерјето на овој ден, на Вечерната богослужба во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, беше отслужен целиот Акатист кон Пресвета Богородица, а исто така Молебен со Акатист беше отслужен и во манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино

 Рождество на Пресвета Богородица

Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко Ѝ беше од племето Давидово, а мајка Ѝ од родот Аронов. И така Таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Којшто од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. И во својата скрушеност Му се молеа на Бога со плач, да ги израдува во нивната старост и да им подари едно чедо, како што некогаш ги израдува старецот Авраам и старицата Сара подарувајќи им го синот Исак. И семноќниот Бог Којшто гледа сѐ ги израдува со радост што ги надминуваше сите нивни очекувања и најубави соништа. Бидејќи им подари не само ќерка туку и Божја Мајка; ги озари не само со привремена радост туку и со вечна. Бог им даде само една ќерка, којашто подоцна им роди само еден внук - но каква ќерка и каков внук! Благодатната Марија, прославена меѓу жените, храм на Светиот Дух, олтар на Живиот Бог, трпеза на небесниот леб, кивот на светоста Божја, дрво со најсладок плод, слава на родот човечки, пофалба на женскиот род, источник на девственоста и чистотата - тоа беше од Бога даруваната ќерка на Јоаким и Ана. Родена во Назарет, а после три години одведена во храмот ерусалимски, од каде што се врати подоцна пак во Назарет, за наскоро да ја чуе благовеста на Светиот архангел Гавриил за раѓањето на Синот Божји, Спасителот на светот, од Нејзиното пречисто и девствено тело.

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следна > Крај >>

Резултати 457 - 494 од 1556