|
25.03.2020. |
Во среда од четвртата седмица од Великиот Пост, во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес беше отслужена Утрена богослужба со великопосни часови и Литургија на претходно осветени дарови. Со Литургијата чиноначалствуваше протоереј-ставрофор Горан Панзов. |
|
24.03.2020. |
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополит Повардарски г. Агатангел, хуманитарната дејност при Македонската православна црква „Св. Спас“ од Драчево, која ја води отец Оливер Петровски, денес донираше 500 маски за повеќекратна употреба за Болницата во Велес. Оваа акција ја помогнаа и верници од Скопје, со свои донации.
|
|
23.03.2020. |
На 23. 03. 2020 година, Трета Недела од Велигденските Пости - Крстопоклона, се отслужи света Литургија во сите архиерејски намесништва во Повардарската епархија. Свештениците, на оваа Литургија, го изнесуваат светиот Крст од олтарот и го поставуваат во средината на храмот - извршувајќи поклонување пред чесниот и животворен Крст. Потоа и сите присутни верници пристапуваат кон поклонување и целивање на светиот Крст. Во третата Недела од Воскресниот пост се поклонуваме на Чесниот и Животворниот Крст Господен, кој нè укрепува во деновите на жалост, потсетувајќи нè на бесконечната љубов на нашиот Спасител, Кој прими крстни страдања заради нас грешните. Оваа Недела се нарекува »крстопоклона« и се одликува со тоа што Крстот се изнесува на средината на храмот за поклонение. |
|
23.03.2020. |
Во третата седмица од Великиот Пост, на вечерната служба во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ беше отслужена третата статија од Акатистот кон Пресвета Богородица. |
|
16.03.2020. |
На 13. 03. 2020 година, во петок од втората седмица од Великиот Пост, во храмовите „Св. Кирил и Методиј“ и „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес се отслужи втората статија од Богородичниот Акатист. На крајот на вечерните богослужби беа благословени и прекршени празничните лебови. |
|
11.03.2020. |
На празникот на кој Светата православна црква го чествува споменот на Светиот новомаченик Агатангел Битолски, се отслужи Литургија на претходно осветени дарови во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес. На Литургијата чиноначалствуваше протоереј-ставрофор Славе Јованов во сослужение на протоереј Тане Величковски, свештеник Димче Ставревски, свештеник Игор Пармачки, протоѓакон Влатко Стоименов и ѓакон Бобан Ѓорѓиевски. Со празнично слово и именденска честитка кон Митрополитот Агатангел, од името на целиот клир и целото патство на Повардарската епархија се произнесе свештеник Игор Пармачки, кој му посака на Митрополитот како и досега, успешно да долголетсвува на почвата Господова, и уште долги години да биде пример за ревносно извршување на Словото Божјо и ревносната љубов кон својот македонски народ, кој сите ние ќе го следиме. По завршувањето на Литургијата беше осветен и прекршен славскиот колач и беше послужена трпеза на љубовта. На многаја лета, владико свет! |
|
|
|
<< Почеток < Претходна 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следна > Крај >>
|
Резултати 419 - 456 од 1459 |