Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Благовештенски Акатист и Петолебие
7.04.2026.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На 06.04.2026 година, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес беше отслужено Мало Повечерие, со празничен Благовештенски Акатист и Петолебие. На богослужбата присуствуваше и Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

 

 

 
Цветници
5.04.2026.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На денот кога го празнуваме споменот на влегувањето на нашиот Спасител Исус Христос во Ерусалим - Цветници, во сите поголеми храмови ширум Повардарската епархија беше отслужена Света Божествена Литургија. Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на бројно свештенство, чиноначалствуваше со Божествената Литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес. На оваа Литургија, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, согласно Одлуката на Светиот архиерејски Синод на МПЦ-ОА, ги одликуваше досегашните протоереи Борислав Бобевски и Игор Пармачки со право на носење на граден крст, односно со достоинство протоереј-ставрофор.

По завршувањето на Литургијата, во дворот на црквата, фамилијата Илиеви од Велес и нивната компанија „Шилер“, со благослов на Митрополитот Агатангел, традиционално поделија 2000 табли со јајца на велешани, а приредија и забава за најмалите велешанчиња.

Верниот православен народ од денешниот ден го започнува чествувањето на најтешката седмица во историјата на човештвото, седмицата на Христовите страдања која уште се нарекува и „Страстна“.

 

 

 
Исповед на свештенството
3.04.2026.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Во петок од шестата седмица од Великиот Пост, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Литургија на претходно осветени Дарови во црквата „Св. Јован Крстител“ во Велес.

По завршувањето на Литургијата, свештенството на велешкото намесништво пристапи кон светата тајна Исповед.

Кон светата тајна Исповед, денес, пристапија и свештениците од кавадаречкото и гевгелиското намесништво на Повардарската епархија.

 
Sample Image
 
Sample Image

 

 
Недела на света Марија Египетска
30.03.2026.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Во петтата надела од Великиот пост, посветена на Света Марија Египетска, во црквата „Св. Јован Крстител“ во Велес, се отслужи Света Божествена Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе свештенослужители.

 

 
Литургија на претходно осветени дарови
26.03.2026.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Во четврток од петтата седмица од Великиот пост, во параклисот посветен на светиот Наум Охридски во Велес, се отслужи Литургија на претходно осветени дарови, со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

На Утрената богослужба, беше прочитан целиот Голем покаен канон на свети Андреј Критски.

 

 
Недела на свети Јован лествичник
23.03.2026.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Во Неделата  на Св. Јован Лествичник, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Св. Атанасиј“ во Неготино. На Литургијата сослужуваа повеќе свештенослужители, а верниот народ се причести со Светите Христови дарови.

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 39 - 76 од 1774