Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Света Божествена Литургија во Богданци
20.11.2023.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Во 24-та Седмица по Педесетница, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе клирици на Повардарската епархија, отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Атанасиј Велики“ во градот Богданци.

 

 
Светите маченици Козма и Дамјан
14.11.2023.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На денот кога православната Црква го слави споменот на светите маченици и бесребреници Козма и Дамјан, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи света Божествена Литургија во болничкиот храм посветен на овие светители во Велес. На Литургијата сослужуваа повеќе свештенослужители од градот Велес. По завршувањето на Литургијата се изврши водосвет и се прекршија славските колачи.

 

 

 
Св. вмч. Димитриј, Валандово
8.11.2023.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На празникот на светиот великомаченик Димитриј Солунски, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство на Епархијата отслужи Света Божествената Литургија во храмот посветен на  овој светител во Валандово.

На Божествената Литургија присуствуваа голем број на верници од Валандово и  неговата околина, кои традиционално секоја година молитвено му се поклонуваат на светиот великомаченик Димитриј и го молат за застапништво на нивните души пред престолот на Господ Бог.

На Литургијата со празнично слово се произнесе протоереј-ставрофор Љупче Миланов, по што верниците пристапија кон причестување со Телото и Крвта Христови. По завршувањето на Литургијата Митрополитот и свештенството осветија вода и ги прекршија славските колачи.

 

 
Свети апостол Јаков, брат Господов
6.11.2023.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На 05. 11. 2023 година, кога светата православна Црква го чествува споменот на светиот апостол Јаков, брат Господов, во црквата „Св. Климент Охридски“ во Општина Чашка, се отслужи Света Божествена Литургија. На Литургијата чиноначaлствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители од градот Велес.

 

 
21 седмица по Педесетница
31.10.2023.
Sample Image
 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Во 21 седмица по Педесетница, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Јован Крстител“ во Велес. На Литургијата сослужуваа архиерејските намесници на сите архиерејски намесништва на Повардарската епархија, како и повеќе свештеници од градот Велес. На оваа Литургија се одбележа една година од осветувањето на овој храм. На Литургијата молитвено присуствуваа многина верни, меѓу кои и градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев, како и претставници на повеќе градски институции.


 
Преподобна Параскева-Петка
27.10.2023.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На празникот на преподобната маченичка Параскева-Петка, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе свештеници, отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Петка“ во Велес.

 

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 343 - 380 од 1792