|
20.12.2023. |
|
На 19.12.2023 година, на празникот на светиот Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Свети Никола“ во Куманово. Преземено од сајтот на Кумановско-осоговската епархија на МПЦ-ОА |
|
|
18.12.2023. |
|
ФОТОГАЛЕРИЈА На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на Светата великомаченичка Варвара и Свети Јован Дамаскин, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Јован Крстител“ во Велес. На Литургијата сослужуваа свештенослужители од велешкото намесништво на Повардарската епархија. Верниот народ се причести со Светите Христови дарови. |
|
|
12.12.2023. |
|
ФОТОГАЛЕРИЈА Во 27 седмица по Педесетница, Митрополит Повардарски г. Агатангел, во сослужение на бројно свештенство на Повардарската епархија, отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Неготино. |
|
|
12.12.2023. |
|
На 08.12.2023 година, денот во кој Црквата го прославува празникот на заштитникот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, свети Климент Охридски, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан чиноначалствуваше со Божествена Литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. На Архиепископот му сослужуваа Митрополитите, Повардарски г. Агатангел и Брегалнички г. Иларион и Епископите, Дељадровско-илинденски г. Јоаникиј и Стобиски г. Јаков, којшто и произнесе беседа. Многубојниот светиклиментов верен народ се причести со светите Христови дарови. Преземено од сајтот на Скопската епархија на МПЦ-ОА |
|
|
8.12.2023. |
|
ФОТОГАЛЕРИЈА Прославата на патронот на Македонската Православна Црква, Свети Климент Охридски, во Повардарската епархија започна со Вечерна богослужба која се отслужи во епархискиот параклис, посветен на Свети Климент Охридски. На Вечерната богослужба чиноначалствуваше протоереј-ставрофор Славе Јованов во сослужение на протоереј-ставрофор Воислав Ѓеорѓиев и протоѓакон Влатко Стоименов. Голем број верници беа присутни на Вечерната Богослужба и молитвено се поклонија пред Светителот - заштитник на Mакедонската Православна Црква и нејзините верни чеда. На денот на празникот на патронот на Македонската Православна Црква, Свети Климент, во епархискиот параклис беше отслужена Света Божествена Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше протоереј Ристе Јанушев во сослужение на протоѓакон Влатко Стоименов. Патронот на Македонската црква, Свети Климент, торжествено се прославува низ сите наши духовни светилишта, а централната прослава е во Скопје, најпрво со Вечерна богослужба во Mакедонската богословија, а на самиот ден на празнувањето со Божествена Литургија во Соборниот храм на Македонската црква посветен на Свети Климент.
|
|
|
7.12.2023. |
|
ФОТОГАЛЕРИЈА Прославата на патронот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, светиот чудотворец Климент Охридски, секоја година најпрво започнува со празнични активности во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево. Чествувањето започна со свечена Вечерна богослужба во капелата на Македонската богословија, на која чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство, епископот Стобиски г. Јаков, а присуствуваа Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, ректорот на Богословијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, како и поранешниот Митрополит Јосиф. На вечерната богослужба сослужуваа свештениците, професори во Богословијата, а молитвено присуствуваа сите ученици богослови. Празничниот леб го благослови и прекрши митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. По завршувањето на Вечерната богослужба, беа доделени наградите на богословите со најдобри дела од конкурсите за проза и поезија. На крајот до сите присутни со празнично слово се обрати и ректорот на богословијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел. |
|
|