|
|
12.02.2024. |
|
Возљубени, би сакале да Ве исвестиме дека започна да функционира нов црковно-информативен портал во рамките на нашата Македонска православна црква - Охридска архиепископија. На оваа нова платформа, „Литургија.мк“, ќе можете да се запознаете со најнови вести од МПЦ – ОА и од целиот православен свет, разни соопштенија поврзани со нашата Црква, како и современи текстови, ставови и поуки за православната вера. Сајтот може да го посетите на следниов линк. |
|
|
31.01.2024. |
|
ФОТОГАЛЕРИЈА На денот на кој Светата православна црква го чествува Светиот Атанасиј Велики, архиепископ Александриски, се отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на овој светител во Неготино, град чии жители го слават Светиот Атанасиј како свој патрон и заштитник, па затоа и масовно ја посетуваат црквата на овој ден, молитвено просејќи го застапништвото од светителот. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а сослужуваа свештенослужители од кавадаречкото намесништво. Повеќе верници застанаа пред Светиот Путир, примајќи ги Светите Христови дарови, а потоа беа прекршени и празничните колачи. |
|
|
29.01.2024. |
|
ФОТОГАЛЕРИЈА На 28.01.2024 година, во 34-та Недела по Педесетница, кога Светата Православна Црква го чествува споменот на преподобниот Гаврил Лесновски, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство Кавадаречкото архиерејско намесништво на Повардарската епархија, отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Петка“ во Кавадарци. |
|
|
22.01.2024. |
|
На 21.01.2024 година, во Соборниот храм „Свети вмч. Димитриј“ во Битола, на Светата Архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на членовите на Светиот Синод на нашата Света Македонска Православна Црква-Охридска архиепископија, беше извршена Хиротонија на Сепреподобниот архимандрит Никола во епископски чин. Повеќе за овој настан на сајтот на Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ-ОА |
|
|
22.01.2024. |
|
ФОТОГАЛЕРИЈА На 20.01.2024-то лето Господово, на денот кога го чествуваме Соборот на светиот Јован Крстител, во црквата посветена на светиот Претеча во Велес, се отслужи света Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополиот Повардарски г. Агатангел.
|
|
|
19.01.2024. |
|
ФОТОГАЛЕРИЈА Прославата на празникот на Богојавлението во Велес започна со света Божествена Литургија во храмот „Свето Вознесение Христово“, на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на целото свештенство од Велес. По завршувањето на Литургијата беше формирана литија до мало мовче од каде што се изврши осветувањето на водите на реката Вардар и беше положен чесниот и животворен крст во водите. Традиционално секоја година велешани масовно присуствуваат на осветувањето на водите и положувањето на животворниот крст, а секоја година голем е бројот на оние коишто влегуваат во студените води на реката Вардар за да го фатат крстот. Оваа година 91 млади луѓе влегоа во водите на реката Вардар за да го фатат крстот за здравје и спасение. Годинава, крстот го фати Игор Јорданов од Велес, кому ова му беше прво фаќање на чесниот и животворен крст. Нему Митрополитот Повардарски, Господин Агатангел му ја подари Библијата и златен крст, а десетина други спонзори му подарија други пригодни дарови.
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
| Резултати 267 - 304 од 1749 |