Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Илинден
2.08.2024.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На денот кога Македонската православна црква го чествува споменот на светиот пророк Илија, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенство на Повардарската епархија, отслужи света Божествена Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес.

По повод овој ден, кој Република Македонија го чествува како свој национален празник, на Литургијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Панихида за Илинденците, како и за сите оние наши браќа и сестри кои ги положија своите животи за слобода на Македонскиот народ и стремежот за слободна и независна држава Македонија.

 

 
Света Божествена Литургија
28.07.2024.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Во петата седмица по Педесетница, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес.

 

 

 
Свети апостоли Петар и Павле
12.07.2024.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на светите апостоли Петар и Павле, Митрополитот Агатангел, во сослужение на бројно свештенство од сите архиерејски намесништва на епархијата, отслужи света Божествена Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес.

На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го произведе во чин протоѓакон, ѓаконот Бобан Ѓорѓиевски од Велес.

На големиот христијански празник Петровден се навршија 26 години од архипастирската дејност на Митрополитот Агатангел, па од името на целото свештенство на Повардарската епархија, како и од целото патство со слово кон Митрополитот се обрати протоереј Борислав Бобевски.

 

 

 
Православна светлина бр. 70
12.07.2024.

 

Sample Image

 

Возљубени,

излезе од печат Петровденското издание на списанието „Православна Светлина“. И во овој број, обработивме многу нови душеполезни теми, од кои ќе може читателската публика ќе пронајде поука.

Се надеваме дека и овој празничен број на „Православна Светлина“ ќе биде радосна вест за сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко. Вашиот примерок од новиот број ќе можете да го земете во сите храмови низ Повардарската епархија.

ПДФ верзија на списанието

 
Раѓање на свети Јован Крстител - Иванден
8.07.2024.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На празникот на Раѓањето на св. Јован Претеча и Крстител Господов, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од Велес отслужи Света aрхиерејска Литургија во црквата „Св. Јован Крстител“ во Велес.

 

 

 
Недела на сите светии
1.07.2024.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Во Неделата на сите Светии, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Јован Крстител“ во Велес.

 

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 229 - 266 од 1768