Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


26-та Недела по Педесетница
23.12.2024.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Во 26 Недела по Педестницата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Неготино. На Литургијата сослужуваа повеќе свештенослужители од кавадаречкото архиерејско намесништво на Повардарската епархија, а многумина верни застанаа пред Светиот Путир да ги примат Светите Христови Дарови.

 

 
Свети Никола, Мирликиски Чудотворец
20.12.2024.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На 19. 12. 2024 година, кога го прославуваме споменот на светиот Никола Чудотворец архиепископ Мирликиски, ревносниот поборник на вистината и учесник на Првиот вселенски собор, во храмот „Св. Петка“ во Кавадарци, беше отслужена Света Божествена Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а во сослужение на повеќе свештенослужители од градот Кавадарци. На Литургијата присуствуваа мноштво верници, кои дојдоа да го чествуваат светиот Никола.

На Литургијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Кавадарци, г-дин Митко Јанчев, кој заедно со своето семејство, оваа година, беше и кум на чествувањето на празникот. Градоначалникот Јанчев е и донатор за изградба на новиот црковно-административен објект при црквата „Света Петка“ во склоп на кој ќе биде изграден и параклис посветен на Светиот архиепископ Мирликиски, Никола.

 

 
Света великомаченичка Варвара
17.12.2024.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на Светата великомаченичка Варвара и Свети Јован Дамаскин, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Јован Крстител“ во Велес. На Литургијата сослужуваа свештенослужители од велешкото намесништво на Повардарската епархија. Верниот народ се причести со Светите Христови дарови.

 

 

 
Дела на свети Јован Златоуст - нови изданија
16.12.2024.

 

Sample Image

 

Возљубени,

Би сакале да споделиме со Вас една голема духовна радост во овој прекрасен период на Божикниот пост. Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, денес излегоа од печат третиот и четвртиот том од „Делата на свети Јован Златоуст“ кои со векови наназад се неодминлива духовна храна за секој искрен и посветен православен верник, насекаде во светот.

Свети Јован Златоуст е „златната уста“, односно „духовната труба“ на Православието, воопшто. Тој е еден од најголемите, најпочитуваните, најчитаните, најцитираните и најзначајните Свети Отци и Учители на Црквата Христова, и затоа сме радосни бидејќи за првпат на македонски јазик се издава едно вакво значајно капитално дело, потпишано од овој голем Светител и сенароден Учител. Останатите четири тома, од вкупно осумте, кои како цела едиција во најблиска иднина ќе бидат испечатени и издадени, се во фаза на подготовка. Овие два тома ги преведоа свештеник Јани Мулев и Анета Ѓеорѓиевска-Наковска.

Целата едиција од осумте тома од „Делата на Свети Јован Златоуст“ се свечено издание на Повардарската епархија по повод официјалното признавање на автокефалноста на нашата света Македонска православна црква - Охридска архиепископија.

Преговор на едицијата „Дела на свети Јован Златоуст“

Цената на книгите е 800 денари по том, а нарачката, како и досега можете ја направите на тел. 043 221 231, или пак да ни пишете на нашата е-пошта:  Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете . Нарачките исто така можете да ги извршите и на Фејсбук профилот на Повардарската епархија.

 

 
Чествување на Св. Климент во Соборниот храм во Скопје
10.12.2024.

 

Sample Image

 

На 08.12.2024 година, денот во кој Светата православна Црква го чествува споменот на патронот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, светиот Климент Охридски, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, чиноначалствуваше со Светата Божествена Литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. На Архиепископот му сослужуваа Митрополитите: Повардарски г. Агатангел, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Кумановско-осоговски г. Григориј, како и Епископот Дељадровско-илинденски г. Јоаким.

Повеќе фотографии на страната на Скопската епархија

 

 
Прослава на патронот во епархискиот параклис
8.12.2024.

 

Sample Image

 

Прославата на патронот на Македонската Православна Црква, Свети Климент Охридски, во Повардарската епархија започна со Вечерна богослужба која се отслужи во епархискиот параклис, посветен на Свети Климент Охридски. На Вечерната богослужба чиноначалствуваше протоереј-ставрофор Славе Јованов во сослужение на протоѓакон Влатко Стоименов. Голем број верници беа присутни на Вечерната Богослужба и молитвено се поклонија пред Светителот - заштитник на Mакедонската Православна Црква и нејзините верни чеда.

На денот на празникот на патронот на Македонската Православна Црква, Свети Климент, во епархискиот параклис беше отслужена Света Божествена Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше протоереј-ставрофор Воислав Ѓеорѓиев во сослужение на протоѓакон Влатко Стоименов.

Патронот на Македонската црква, Свети Климент, торжествено се прославува низ сите наши духовни светилишта, а централната прослава е во Скопје, најпрво со Вечерна богослужба во Mакедонската богословија, а на самиот ден на празнувањето со Божествена Литургија во Соборниот храм на Македонската црква посветен на Свети Климент.

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 191 - 228 од 1774