Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна
Sample Image

Возљубени,

Ве известуваме дека приемниот испит за ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје за учебната 2026/2027 учебна година, наместо во првично предвидениот термин на 19.06.2026 година (петок), се преместува за на 15.06.2026 година (понеделник).

Сите останати услови остануваат непроменети.

 


Архиерејска Литургија
2.12.2011.

 

Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image

 

На 02. 12. 2011 година (петок), Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во новоосветената црква „Св. Петка“ во Велес.

 
Видео - Награда за животно дело на г. Агатангел
28.11.2011.
 
 
Св. Григориј Палама, Архиерејска Литургија - Струмица
28.11.2011.
 
Sample Image
 
На празникот на Свети Григориј Палама, Митрополитот Повардарски г. Агатангел сослужуваше на Светата Божествена Литургија во храмот посветен на овој светител во Струмица, на која чиноначалствуваше Митрополитот Струмички г. Наум.
 
Архангел Михаил, Архиерејска Литургија
24.11.2011.

 

Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image

 

На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес се отслужи Света Ахиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Европски г. Пимен и свештенослужители од Велес.

 
Светиот Архистратиг Михаил
22.11.2011.

Sample ImageСветиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни     

Од длабоката древност Божјите ангели се празнувани од луѓето. Но тоа празнување често се одметнуваше во обожување на ангелите (4 Царства 23, 5). Еретиците прикажуваа сешто за ангелите. Некои од луѓето во ангелите гледаа богови, други иако не ги сметаа за богови ги нарекуваа создатели на сиот видлив свет. Лаодикискиот помесен собор којшто се одржа четири или пет години пред I Вселенски Собор, со своето 35 правило го отфрли поклонувањето на ангелите како на богови и го востанови правилното почитување на ангелите. Во времето на папата Силвестер и александрискиот патријарх Александар (4 век), беше востановен овој празник на Архистратигот Михаил со другите небесни Сили, во месецот ноември. Зошто токму во ноември? Зашто после март ноември претставува деветти месец. А се смета дека во месецот март било создавањето на светот. А деветтиот месец после март е земен заради деветте ангелски чинови, коишто се најпрво создадени. Св. Дионисиј Ареопагит, ученик на Св. апостол Павле, т.е. на оној апостол којшто беше воздигнат до третото небо, овие девет ангелски чинови ги опиша во книгата „За небесната Јерархија“. Тие чинови се следните: шестокрилите Серафими, многуоките Херувими и богоносните Престоли, Господствата, Силите и Властите, Началата, Архангелите и Ангелите. Војвода на целата ангелска војска е архистратигот Михаил. Кога сатаната, Луцифер, отпадна од Бога и со себе ги повлече во пропаст еден дел од ангелите, тогаш Михаил стана и возвикна пред неотпаднатите ангели: „Да внимаваме! Да застанеме добро, да стоиме со страв!“ И сите небесни војски на верните ангели громко запеаја: „Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот исполн небо и земља слави Твојеја!“ (за Архистратигот Михаил види во Книгата на Исус Навин 5, 13 - 15). Меѓу ангелите владее совршено едномислие, еднодушност и љубов, а покрај тоа и потполна послушност на пониските чинови кон повисоките и на сите заедно кон светата Божја волја. Секој народ си има свој ангел пазител, а освен тоа и секој христијанин има свој ангел пазител. Треба секогаш да се сеќаваме дека што и да правиме, јавно или тајно, го правиме тоа во присуство на својот ангел-чувар. А на денот на Страшниот Суд сето огромно мнозинство ангели ќе се соберат околу Христовиот престол и пред сите нив ќе се објават сите дела, зборови и помисли на секој човек. Да нѐ помилува Бог и да нѐ спаси по молитвите на Св. архистратиг Михаил и на другите небесни бестелесни сили. Амин.

 

 
Осветување на нова митрополитска зграда
22.11.2011.

 повеќе информации за овој настан

Sample Image

 

Во рамките на свеченостите по повод тридецениската архиерејска служба на митрополитот Тимотеј со Дебарско-кичевската епархија, вчера беше осветен новиот митрополитски административен центар, кој се наоѓа во стариот објект на основното училиште „Свети Климент Охридски“

 

Sample Image

 

Одбележувањето на 30-годишнината од интронизацијата на митрополитот Тимотеј започна со утрена богослужба и Литургија во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид. Со богослужбата чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на сите членови на Светиот архиерејски синод на МПЦ. По овој повод, дебарско- кичевската епархија со орден од прв ред „Свети Наум Охридски“ одликува повеќе црковни лица и граѓани што го помогнале нејзиниот развој. Највисокото епархиско одликување им припадна на архиепископот г. г. Стефан, митрополитот Горазд, академиците Цветан Грозданов и Петар Илиески и познатите стопанственици Никола Матлиески, Трифун Костовски, како и Градимир Цветковиќ.

Свеченостите продолжија со осветување на новиот Митрополитски административен центар, односно старата зграда на основно училиште „Свети Климент“ што во февруари оваа година со денационализација и беше вратена на Дебарско-кичевската епархија. Објектот изграден во 1897 година, заштитен како споменик на културата и влезен во заштитените објекти на УНЕСКО, со површина од над 300 метри квадратни, ќе биде епархиски центар, со работни простории за митрополитот, епископска библиотека и други услужни простории за потребите на епархијата.

 

 
<< Почеток < Претходна 41 42 43 44 45 46 47 Следна > Крај >>

Резултати 1749 - 1761 од 1761