Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Јубилеј 180 години од изградба на црква во Охрид
10.09.2012.

 

Sample Image    Sample Image    Sample Image    Sample Image
Sample Image    Sample Image    Sample Image    Sample Image
Sample Image    Sample Image    Sample Image    Sample Image
Sample Image    Sample Image    Sample Image    Sample Image

 

Човекот е битие, чија цел на создавање е вечно и постојано учество во животот Божји, во Неговата радост, прослава и во Неговата неизмерна љубов. И иако Адам и целата човечка природа паднале и биле истерани од првата Црква - Рајот, сепак тие засекогаш копнееле и тежнееле да ја вратат таа заедница со Бога. Човечкиот род отсекогаш во својата душа ја чувствувал блискоста со Бога и врската со својот Творец. Навистина, човекот многупати паѓал, се одрекувал од Него, на моменти и богохулел, но секогаш одново и одново се враќал кон таа заедница, а неретко и пред самата блиска средба со Севишниот. Како религиозно, заедничарско битие, човекот чувствувал потреба своите чувства да ги изразува преку разговор со Бога, односно преку молитва и не само приватно, туку и соборно. Токму затоа, низ многуте изминати векови, почнувајќи од Скинијата и Соломоновиот храм, катакомбните цркви, големите храмови посветени на Премудроста Божја, илјадниците храмови низ целиот свет, човекот градел домови Божји, во кои заедничарел со своите браќа христијани и станувал едно Тело, Тело на својата глава Христос.
Кога зборуваме, пак, за Македонија, а особено за Охрид, тогаш навистина чудесен е фактот колку многу храмови изградил македонскиот народ, и тоа најчесто во времиња кога бил под ропство од иноверна власт, кога немал никакви права и живеел во сиромаштија. Токму затоа и секој јубилеј од изградбата на овие храмови, претставува и прослава на сите луѓе кои целосно се вложиле во подигањето на истите.
На 08 и 09 септември 2012 година, го прославивме големиот Јубилеј 180 години од подигањето на храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид. За податоците кога точно била изградена оваа црква, и дали на местото на денешната постоела друга помала црква, не може точно да се тврди, но во Митрополитскиот кодекс на Охридската архиепископија од 1694 година, составен од тогашниот драчки митрополит Козма Китијски, а во седмата енорија (парохија) Каменско, се наведени две активни цркви – „Св. Богородица“ и параклисот „Св. Петар“. Денешната црква, според еден исклесан во камен запис, е изградена во 1832 година од протомајсторот Теодор. Во 1845 година е поставен резбаниот дрвен иконостас, изработен од Мијачката копаничарска школа. Истата 1845 година зографот Мануил Георгиу од Магарево ги слика престолните и празничните икони, а фрескописот е дело на Димитрија Дичо Зограф.
Прославата на овој голем Јубилеј започна на 08.09.2012 година со свечена вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофорите Ефтим Бетински и Сашо Богданоски, свештениците Љупчо Симиџиески, Никола Христоски и Димче Азески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски, Васко Голабоски и Сашо Целески. На вечерната присуствуваше и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој од архиерејскиот трон ја започна вечерната богослужба со читање на предначинателниот 103 псалм.
Торжествата продолжија по завршувањето на вечерната, кога беше промовирана книгата „Галерија на икони при црквата Успение на Пресвета Богородица – Каменско Охрид“, дело на ценетиот проф. д-р Сашо Цветковски, а промотор беше многупочитуваниот академик проф. д-р Цветан Грозданов. Делото на професорот Цветковски е навистина од големо значење, зашто дава исцрпни податоци за градбата на храмот, за нејзиниот иконопис и фрескоживопис, и како што рече академикот Грозданов, „авторот навистина се потрудил и успеал во подредувањето на иконите според периодот на изработката и нивните автори, иако за многу од нив имал малку, или речиси, воопшто немал податоци“. После промоцијата беше и официјално отворена галеријата на икони при овој храм, која содржи шеесетина непроценливи икони, а вечерта особено ја збогати младиот хор при црквата Каменско, кој со своите прекрасни изведби не остави никого рамнодушен.
Празнувањето продолжи на 09.09.2012 година, со архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитите Тимотеј и Агатангел, архимандритите Нектариј и Јосиф, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоерејот Игор Никовски, еромонахот Доситеј, свештениците Љупчо Симиџиески, Ромео Петрески, Никола Христоски, Димче Азески, Горан Ставрески и Владо Недески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски, Васко Голабоски и Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беа осветени новите мозаици, кои се поставени на влезната врата од храмот, а Архиепископот Стефан се обрати кон верниците со пригодна беседа.
На ова место да му оддадеме почит и признание и на старешината на храмот, свештеникот Димче Азески, кој несебично и целосно се предаде во подготовките за отворањето на галеријата и разубавувањето на црквата. Господ, нашиот Бог, нека ги упокои душите на сите починати ктитори и помагачи на овој свет храм, а нас нека нè укрепува и нека ни дава сили достојно да го продолжиме и зачуваме нивното дело. Амин!

Преземено од Дебарско-кичевска епархија

 
Молебен за успешна школска година
10.09.2012.
Sample Image
 
На 09. 09. 2012 година кога Светата Православна Црква го празнува споменот на светиот маченик Фануриј (заштитник на учениците) во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес се отслужи Света Божествена Литургија. На Литургијата служеа протоереј Ристе Јанушев, настојателот на Согленскиот манастир јеромонахот Авакум и ѓаконите Влатко Стоименов и Јани Мулев. По Литургијата се отслужи молебен за успешна школска година за Човекољубиот Господ, нашиот Спасител, да ги просветли сите ученици, за да бидат за радост на своите родители и од полза на нашата татковина и на Светата Црква. На молебенот на сите присутни дечиња во храмот им беше дарувана икона со ликот на Мајката Божја и на свети Фануриј, а на која беше испишана и молитвата за учење.
 
Призив на Светиот Дух
3.09.2012.

 

Sample Image

 

„Без мене не можете да направите ништо“ вели Словото Божјо, па затоа секоја година во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево на почетокот на новата учебна година на Божествена Литургија на која присуствуваат сите ученици на Богословијата, се извршува обредот призив на Светиот Дух.

Овој обред се извршува за просветување и очистување на срцата и умовите на богословите за да можат преку подвижнички живот и со Божја помош да ја совладаат науката над науките и да дојдат до Богопознание.

На Божествената Литургија во капелата во Македонската православна богословија чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, кој е воедно и ректор на Богословијата, а во сослужение на архимандритот Јосиф и на свештениците-професори во Богословијата. На Литургијата присуствуваше Архиепископот на Македонската Православна Црква, Неговото Блаженство Г.Г. Стефан.

 

Sample Image
 
Sample Image
 
 Sample Image

 


 

 
Освет на камен-темелник
3.09.2012.

 

Sample Image

 

На 01. 09. 2012 година се изврши освет на камен-темелник на нова црква во велешкото село Чолошево. Чинот на осветување на камен-темелникот го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители. Новата црква во селото Чолошево ќе се гради во чест и слава на светиот пророк Илија. Таа ќе се простира на стотина метри квадратни и ќе служи за потребите на населбата која брои 250 жители, но и околните Дурутовец и Трпезица. Црквата ќе се гради со средства од жителите на населбата.

 

 

Sample Image
 
 Sample Image
 
 Sample Image

 

 
Успение на Пресвета Богородица, 27/28. 08. 2012
29.08.2012.

 Sample Image

На празникот на Успението на Пресвета Богородица или како што уште го нарекуваме и Второ Воскресение, македонскиот народ повторно силно ја демонстрираше својата силна православна вера, својот вистински православен христијански дух, посетувајќи ги масовно храмовите низ целата држава, поклонувајќи се и просејќи благослов од Мајката Божја за застапништво пред престолот на Севишниот Бог. Недогледната колона од луѓе пред храмот на Успението на Мајката Божја во Велес, кои смирено го чекаа својот ред за да ја целиваат плаштаницата на Пресвета Богородица, поставена во средината на храмот, големиот број на верници кои молитвено го исчекуваа принесувањето на Светите Христови дарови за да се соединат со Христос, вистинскиот Бог, велелепните и ангелски звуци на црковниот хор „Св. Вмч. Пантелејмон од Велес, се моментите кои, на овој торжествен празник, во целост ни ја покажуваат вистинската димензија на православната вера, како единствен и непобитен извор на нашата духовност и на нашето спасение.

Чествувањето во Велес, започна со Вечерна Богослужба во црквата „Успение на Пресвета Богородица на која служеа свештенослужители од градот, во присуство на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, при што во  средината на храмот беше изложена и осветена плаштаницата, на која е изобразено погребението на Пресвета Богородица, а централниот настан на чествувањето беше Светата Божествена Литургија следниот ден со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на настојателот на Согленскиот манастир, јеромонахот Авакум и бројно свештенство од градот Велес.

Во своето празнично Слово, во беседата изречена пред верниците, Митрополитот Агатангел ни ја претстави славата на Мајката Божја, нејзината неизмерна љубов и величие. Тој упати порака, Благословената Дева Марија да ни служи како огледало, како жива икона на библиски христијанин, да се моделираме самите по примерот на благословената Дева Марија, зашто таа е онаа која највозвишено слуша. На Благовештението таа слушаше со покорност и му одговори на ангелот, „Нека ми биде според зборовите твои” (Лк. 1:38). Таа не би можела да го прими Словото Божјо во нејзиното тело, ако прво не го слушнала Словото Божјо во нејзиното срце. Кога пастирите го видоа и се восхитуваа на новородениот Христос, „Марија ги пазеше сите тие зборови, слагајќи ги во срцето свое” (Лк.2:19). Истата потреба од послушност е нагласена и во последните зборови, посветени на Мајката Божја во Светото Писмо, на венчавката во Кана Галилејска: „Се што ќе ви рече, направете!” (Јн. 2:5) им рече таа на слугите и на сите нас.

На крајот од својата беседа, Митрополитот Повардарски г. Агатангел ги помоли сите присутни верници да ја сакаат и да ја почитуваат својата мајка и својот татко, исто како што би сакале и нивните чеда секогаш да ги сакаат и да ги почитуваат нив и ги помоли сите кои имаат било какви недоразбирања со своите родители, да отидат на овој ден, да ги посетат, да побараат прошка и да ги надминат сите недоразбирања.

Светата Божествена Литургија во Велес ја проследи и градоначалникот на Велес, г-дин Горан Петров, советниците од Општина Велес, како и многу други претставници од државните институции.  

На Литургијата беше отслужен и молебен за дожд, како посебно богослужение при кое Го молиме Господ и Неговите угодници за милост или, Му благодариме на Бога за добивањето на некои дарови или заради услишаните молитви.

Пред извршувањето на овој црковен обред, Митрополитот Агатангел им ја објасни на верниците духовната и практичната димензија на овој обред, при што истакна:

Молебните според својот состав се слични на утреното богослужение и се извршуваат во храмовите, надвор од храмовите или во приватни домови, болници, детски и старечки домови, образовни институции, касарни, затвори и секаде каде што има потреба. Се служат на храмов празник, на големи празници, во време на елементарни непогоди – кога има многу дождови, голема суша, земјотреси, пожари, епидемии, војни итн. Другите молебни му припаѓаат на посебното богослужение и се извршуваат по барање или потреба од страна на одделни верници. Кога се служат молебни, обично тоа се означува со биење на камбаните.

Еден тип на молебни вклучуваат во себе читање (пеење) на канон, други без канон, а трети без читање на Евангелие.

Молебните чинови може да се вклопат и во Божествената Литургија, со тоа што се додаваат посебните прозби на Големата и Сугубата ектенија, се читаат редовните апостол и Евангелие како и оние предвидени за Молебниот, и на крајот, по Заамвоната молитва,  се читаат и молитвите од молебенот, или, пак, се пее Големо славословие среде храмот, или пак благодарствената химна на свети Амвросиј Медиолански: Тебе, Бога, хвалим.

Понекогаш кон молебниот може да се вклучи и читање на акатист, како и водосвет.

Болни ли сме? – Да отслужиме молебен за болни. Страдаме ли од зависност од алкохол или дрога? Да одиме што почесто на молебен. Почнуваме ли значајна работа? – Да отслужиме молебен и да се молиме за Божја помош. Одиме ли на пат? – Да побараме од свештеникот благослов за патување. Именден ли ни е, и сакаме да се помолиме на нашиот светител-закрилник? – Да побараме молебен кон тој светител. Имаме ли домашна слава? – Да побараме молебен кон тој светител. Почнува ли учебната година? – Да одиме на молебен за благословување на учебната година. Ни ги услишал Господ нашите молитви? – Да направиме благодарствен молебен за добиените добра.

По добиената од Бога помош, да не заборавиме да Му благодариме на Бога, но и да го христијанизираме својот живот, тоа всушност е и најголемото благодарење кон Бога, кога ќе се воцрковиме, кога ќе почнеме редовно, т.е. секоја недела да доаѓаме на Литургија, учествувајќи во Благодарствената служба – Евхаристија.

 

 
Божествена Литургија со Молебен канон
27.08.2012.
Sample Image
 

На 26. 08. 2012 година, во Дванаесеттата недела по Педесетница, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес се отслужи Света Божествена Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенослужителите од велешкото архиерејско намесништво. На Литургијата на која присуствуваа голем број верници од градот Велес се отслужи и Молебен канон на Пресвета Богородица за оздравување на сите болни и за утешување на сите оние кои се наоѓаат во тешки незгоди, душевни и телесни маки и избавување од секаков вид на душевен немир и страдање.

ФОТОМАТЕРИЈАЛ 

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 41 42 43 44 45 46 47 Следна > Крај >>

Резултати 1673 - 1710 од 1782