Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Литургија на претходно осветени дарови
2.03.2012.

 

 

На 02. 03. 2012 година, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Литургија на претходно осветени дарови во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. 

 
Недела на простувањето
27.02.2012.

 

  Sample Image

 

 

Во неделата на простувањето - Прочка, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на голем број свештеници од епархијата отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. На Литургијата присуствуваа голем број верници од Велес, кои молитвено побараа прошка од Бога.  

На почетокот на Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го произведе најпрво во чин чтец и ипоѓакон, а потоа го ракоположи во чин ѓакон богословот Игор Пармачки од Берово. Во текот на Литругијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел благоволи и го произведе во чин протоереј, свештеникот Ангел Станчев од Велес, кој својата свештенослужителска мисија ќе ја продолжи во Американско-канадската епархија на МПЦ.

Во својата празнична беседа Митрополитот не повика сите да го искористиме денот на простувањето за да отидеме кај своите најблиски и кај сите на кои сме погрешиле за да речеме прости ми и да се обидеме од денешниот ден, па се до Воскресението Христово да ја исполниме нашата душа со чистота, добрина, љубов, милосрдие и на тој начин да се обидеме да се соединиме со нашиот Бог, Господ Исус Христос.

 
Посета на Согленскиот манастир
27.02.2012.

 

Sample Image

 

 На 25. 02. 2012 година, Митрополитот Повардарски г. Агатангел беше во посета на Согленскиот манастир „Рождество на Пресвета Богородица“.


 
Сретение Господово
16.02.2012.

Sample Image

 

 

 На празникот на Сретението Господово , Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево. На Литургијата сослужуваа клириците-професори во Македонската богословија, отец Јован Кумевски и отец Спасе Таковски, како и ѓаконот Антоние Попоски, секретар на Европската епархија на МПЦ.

 
Св. Трифун
14.02.2012.

 Sample Image

Sample ImageНа денот кога Светата православна црква го чествува споменот на светиот маченик Трифун, во црквата „Свети Димитриј“ во Кавадарци, беше отслужена Архиерејска Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополит Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Струмички г. Наум. По завршувањето на Светата Литургија, Митрополитите заедно со  свештенослужителите во внатрешноста на храмот извршија мал Водосвет, а потоа се упатија во дворот од храмот кадешто го извршија и годинешното закројување на лозовиот насад. На закројувањето на лозовиот насад, присуствуваше и Претседателот на Република Македонија, г-дин Ѓорѓе Иванов, министерот за финансии, г-дин Зоарн Ставревски, како и американскиот амбасадор во нашата земја, г-дин Пол Волерс.

 

Светиот маченик Трифун     14/02/2012

Роден е во селото Кампсада во Фригија од сиромашни родители. Во детството беше чувар на гуски. И уште од детството врз него беше голема Божја благодат и можеше да исцелува болести кај луѓето и кај животните и да изгонува бесови. Во тоа време со Римското царство завладеа царот Гордијан, чијашто ќерка слезе од умот и со тоа го фрли царот во голема жалост. Ниеден лекар не можеше да ѝ помогне на лудата Гордијана. Тогаш демонот прозборе преку девојката и рече дека освен Трифун никој не може да го истера. После многумина Трифуни ширум царството, по Божја Промисла го повикаа и овој млад Трифун. Го доведоа во Рим и тој ја исцели царската ќерка. Царот му подари многубројни дарови, а тој на враќање им ги раздели на сиромасите. Потоа ова свето момче продолжи да чува гуски и да Му се моли на Бога. Кога се зацари христоборниот Декиј, Свети Трифун беше малтретиран и свирепо измачуван заради Христа. Но тој со голема радост ги поднесе сите мачења, велејќи: „О кога би можел да се удостојам во оган и маки да завршам за името на Исус Христос, мојот Бог и Господ!“ Маките не му наштетија ни малку и најпосле мачителите го осудија на смрт со меч. Му се помоли на Бога и издивна во 250 година.

 
На празникот на Светите Три Светители
13.02.2012.
Sample Image

Sample ImageНа 12.02.2011 г., на празникот на Светите Три Светители, свети Василиј Велики, свети Григориј Богослов и свети Јован Златоуст, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес.

Тројцата Свети архиереи     12/02/2012

Светителите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст имаат секој свој посебен ден на празнување во месецот јануари. Но овој заеднички празник е востановен во 11 век за време на царот Алексиј Комнен. Еднаш однекаде настана расправа меѓу народот околу тоа кој од овие тројца светители е најголем. Едни го воздигнуваа Св. Василиј заради неговата чистота и храброст, други Св. Григориј за недостижната длабочина и висина на умот во богословието; трети воздивнуваа по Свети Јован со неговата чудесна благоглаголливост и јасност во изложувањето на верата. И така едни се нарекуваа василијани, други григоријани, а трети јованити. По Божја Промисла овој спор беше решен во корист на Црквата и на уште поголема слава на овие тројца светители. Евхаитскиот епископ Јован (под 14 јуни) имаше едно видение во сон, имено: прво му се јави секој од овие светители во голема слава и неискажлива чудесност, а потоа сите тројца заедно. Тогаш му рекоа: „Ние сме едно во Бога, како што гледаш, и кај нас нема ништо противречно, ... ниту има меѓу нас некој кој е прв или втор“. Светителите го посоветуваа епископот да им напише една заедничка служба и да им се одреди еден заеднички ден за празнување. Со ова прекрасно видение спорот се реши на тој начин што 30 јануари се одреди како заеднички празник за тројцата Свети Архиереи.

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 41 42 43 44 Следна > Крај >>

Резултати 1597 - 1634 од 1641