Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Недела на сите светии
30.06.2013.

 

Sample Image

 

Sample Image Во неделата посветена на сите светии, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештеници од кавадаречкото епархиско намесништво отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Димитриј“ во Кавадарци.

 
Соопштение
28.06.2013.

 

Sample Image

 

Се известуваат сите верници дека на ден 03. 07. 2013 година, среда, на денот кога Македонската православна црква го чествува споменот на Светиот чудотворец, Наум Охридски, со почеток во 08, 00 часот ќе се отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Петка“ во Велес. На Литургијата ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од градот Велес.

 
Вечерна богослужба, Росоман
25.06.2013.

 

Sample Image

 

На втор ден Духовден, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Вечерна Богослужба во црквата „Света Троица“ во Росоман. На вечерната богослужба сослужуваа повеќе свештенослужители од кавадаречкото намесништво на Повардарската епархија, а молитвено присуствуваа голем број жители на Општина Росоман.

 

Повеќе...
 
Света Архиерејска Литургија на втор ден Духовден
25.06.2013.

 

Sample Image

 

Sample Image На втор ден Духовден, Митрополитот Повардарски г. Агатангел сослужуваше на Светата Божествена Литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан. На Литургијата, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан благоволи и ја положи својата рака врз главата на досегашниот ѓакон, дипломираниот теолог Климент Станковски од Скопје и го ракоположи во чин свештеник, па така Македонската православна црква стана побогата за уште еден пастир, кој под Божјата закрила треба мудро и верно да му служи на својот народ, да се усовршува во добродетелта и да работи посветено и ревносно во проповедањето на словото Божјо.

 

 
Педесетница - Духовден
24.06.2013.

 

Sample Image

 

Sample Image

Светата Педесетница - роденденот на светата Црква - денот кога Светиот Дух во вид на огнени јазици се симна врз апостолите и ги направи носители на благодатта Божја, создавајќи од нив свет собор на сите оние кои се повикани за спасение на тој начин што со својот живот и со своите дела ќе се вградат во телото на Црквата, секоја година свечено се прославува во сите православни храмови насекаде по светот.

Света Божествена Литургија се служеше и низ сите храмови во Повардарската епархија, а централното чествување на првиот ден од Педесетницата се одржа во црквата Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, каде што Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија.

По причестувањето на дел од верниците Митрополитот и свештенослужителите пристапија кон служење и на Вечерната богослужба, која во овој ден се извршува веднаш по Литургијата. По големот прокимен од страна на Владиката и свештенослужителите беа прочитани трите долги молитви предвидени за овој ден.

 

Sample ImageНовозаветната Педесетница е денот на славното исполнување на ветувањето за Христовото испраќање на Светиот Дух врз апостолите. Ова е крајно радосен, извонреден и утешителен настан. Куќата во која тие пребиваат еднодушни одеднаш е преисполнета со шум од небото, сличен на силен ветар, а разделени јазици, како огнени, се спуштаат врз секого од учениците. Од ова тие се исполнуваат со Дух Свети и почнуваат да го благовестат Евангелието на разни јазици, онака како што Светиот Дух им даваше да изговараат. За разлика од мистиката на Успението на Пресвета Богородица, на пример, при доаѓањето на славата на Господ и другите одондестрани и чудесни појави кое им се открива како видение на некои од присутните, настаните на Педесетница стануваат очигледни за сите, не само за достојните. За да ги видат, на ерусалимјаните не им беше неопходен духовниот вид, иако на виденото не дадоа сите еднаков духовен одговор. Значи, зборувањето на сите јазици на кои луѓето од Ерусалим зборуваа (бидејќи во него живееја дојденци од разни краеви) едни го гледаа како прекрасно чудо, други како знак на пијанство. Петар вдахновено го објаснува настанот и ги упатува на пророштвата за овој настан до Избраниот народ дојдени преку Пророкот Јоил. Благовеста на Петар допре до срцата на многубројните луѓе што го чуја и тие го примија покајанието заради името на Исуса Христа. Во тој ден се крстија и присоединија кон Црквата Христова околу три илјади души. Оттогаш наваму Педесетница се смета за роденеден на црквата Божја. За првпат по падот човекот ипостасно Го прима Светиот Дух и ја добива полната и реална можност да живее според благодатта.

 
Заупокоена Литургија
20.06.2013.

 

Sample Image   Sample Image   Sample Image
 
Sample Image   Sample Image   Sample Image

 

Заупокоена Литургија во манастирот на св. вмч. Георгиј, с. Дељадровце (19.06.2013)

На 19.06.2013 година, на деветиот ден од упокоението на Митрополитот Полошко- Кумановски г. Кирил, во прекрасната  манастирската црква на св.вмч. Георгиј, во с. Дељадровце, Митрополит Повардарски г. Агатангел,  во сослужение со  епископите г. Јосиф Лешочки, г. Јосиф Велички, и свештенството од Полошко-Кумановската епархија, отслужи Архиерејска заупокоена Литургија за блаженопочинатиот Митрополит г. Кирил. На Литургијата верниот народ  се причести со Светите Христови Тајни. Како вистинско чедо кое бескрајно го сака својот духовен татко, Митрополитот г. Агатангел, со многу љубов и внимание, говореше за своите први чекори во МПЦ, уште  како млад богослов и средбата со Митрополитот  Кирил, за  големината и значењето на  неговите духовни дела, за надежта дека Господ ќе ја прими неговата душа во Царството небесно. Потоа во манастирскиот двор, во спокојството и мирот кој обзема, а каде се наоѓаат  моштите на починатиот архиереј,  Митрополитот Агатангел во сосолужение на епископите Јосиф Лешочки и Јосиф Велички, гo изврши чинот на опелото за блаженоупокоениот Митрополит Кирил.

Нека му е вечен неговиот спомен! Амин.

Извор: Преминпортал 

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 41 42 43 44 45 46 47 Следна > Крај >>

Резултати 1559 - 1596 од 1774