|
|
12.01.2025. |
|
ФОТОГАЛЕРИЈА На денот кога нашата света Македонска црква го чествува споменот на светиот епископ Велички, Гаврил, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во параклисот посветен на овој наш духовен горостас во градот Велес. Во параклисот беа изложени и мошти од светителот, на кои многумина верни се поклонија, просејќи благослов и застапништво од Лесновскиот чудотворец.
|
|
|
10.01.2025. |
|
ФОТОГАЛЕРИЈА На втор ден Божик, кога се чествува и Собор на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство на Повардарската епархија отслужи света Божествена Литургија во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци. |
|
|
9.01.2025. |
|
ФОТОГАЛЕРИЈА Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, традиционално по завршувањето на Божикната Литургија и оваа година се организираше Божикна забава за лицата со церебрална парализа од Велес. Свештениците го благословија овој собир и на сите кои беа присутни, како и оние кои не беа во можност да присуствуваат им поделија пакетчиња. Оваа средба е традиционално Божикно дружење со овие лица и нивните родители, а е во рамките на долгогодишата соработка на Повардарската епархија и здружението на лица со церебрална парализа од Велес. |
|
|
6.01.2025. |
|
ФОТОГАЛЕРИЈА На празникот на Рождеството на Нашиот Господ и Спасител, Исус Христос, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенство на Повардарската епархија отслужи сеноќно бдение со Света Златоустова Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес. Сеноќното бдение, во очи на големите Господови празници, е древна богослужбена и литургиска пракса во Светата Православна Црква. Тогаш целата Црква Христова бдее и останува будна цела ноќ, бидејќи во нејзината радост со нетрпение го очекува големиот празник во раните утрински часови, чија содржина е непосредно поврзана со Христос и Неговото спасоносно откровение, односно со нашиот духовен напредок и со нашето лично избавување. Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел благоволи повторно да ја воспостави оваа древна богослужбена пракса во Повардарската епархија и навистина голем беше бројот на оние кои чекаа до раните утрински часови да ја чујат радосната вест за Рождеството на нашиот Спасител и да ги примат Неговите Свети Дарови. Меѓу присутните верници беа и Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев и пратениците Игор Здравковски и Александар Јамалов. |
|
|
6.01.2025. |
|
ФОТОГАЛЕРИЈА На Бадник, свештеници од градот Велес отслужија Света василиева Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, на која присуствуваше и Митрополитот Повардарски г. Агатангел. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Агатангел ги даруваше дечињата кои беа собрани во црквата со бадникови пакетчиња, а беа поделени и Бадниковите гранчиња. По ова, беше формирана традиционалната Бадникова Литија, на која дечињата громогласно и радосно го најавија Христовото раѓање и пренесоа топла празнична порака, пеејќи ја Бадниковата песна „Вечниот Бог“ низ улиците на градот Велес. Бадниковата поворка тргна од храмот „Св. Кирил и Методиј“ до Општина Велес, каде децата беа пречекани и дарувани со бадникови пакетчиња и од градоначалникот г-дин Марко Колев. |
|
|
6.01.2025. |
|
ФОТОГАЛЕРИЈА На денот кога Црквата го празнува споменот на Свети Наум Охридски, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во сослужение на Митрополитот Струмички г. Наум и викарниот Епископ Стобиски г. Јаков во манастрирот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици во Струмица. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Фотографиите се преземени од ФБ страницата Тивериопол.мк https://www.facebook.com/tiveriopol.mk/posts/1073898491416547 |
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
| Резултати 153 - 190 од 1749 |