|
4.01.2013. |
На Бадник, како што е предвидено во Типикот, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес во Велес. По завршувањето на Литургијата Архиерејот и свештенослужителите, кои сослужуваа на Литургијата ги осветија Бадниковите гранчиња. |
|
4.01.2013. |
 На празникот на Свети Наум - чудотворец Охридски во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, се отслужи Архиерејска Божествена Литургија, со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел. На Литургијата, присутните верници молитвено му се поклонија на големиот семакедонски светител, а потоа се причестија со Светите Христови дарови.
Преподобен Наум Охридски Чудотворец
Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека Свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основаше манастир на јужниот брег на езерото. Тој манастир и денес го краси брегот како што и името на Свети Наум ја краси историјата на словенското христијанство и низ вековите беше извор на чудотворна сила и засолниште за болните и за неволните. Околу Свети Наум се насобра мноштво монаси од сите страни на Балканот. Беше мудар учител, единствен раководител на монасите, одлучен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Неуморно се трудеше и на преведувањето на Светото Писмо и на другите црковни книги од грчки на словенски јазик. Вршеше чуда и за време на животот и после смртта. Неговите чудотворни мошти до ден денес восхитуваат со многубројни чуда, посебно со исцеленијата од тешки болести, особено од лудило. Се упокои во првата половина на 10 век.
|
|
2.01.2013. |
Излезе од печат Божикното издание на списанието „Православна Светлина“. Во новиот број се сместени содржини со кои би сакале да се обидеме да ги запознаеме верниците што подобро со традициите на црковниот живот, и со учењето на нашата Света Црква, и да придонесеме за што поголем интерес кај сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко, за практикување на нашата православна христијанска вера. Во рамките на овој број се обработени повеќе теми од нашата православна христијанска вера, а со посебен нагласок на празнувањето на Рождеството на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, Божик. Се надеваме дека со ова Божикно издание на „Православна Светлина“, ќе ја зголемиме радоста која ја обзема секоја православна христијанска душа во овој дел од годината, кога го празнуваме раѓањето на Богочовекот Христос, Спасителот на светот. Бесплатниот примерок од списанието можете да го најдете во сите цркви и манастири низ Повардарската епархија. pdf. |
|
2.01.2013. |
По повод Рождеството Христово - Божик, ноќта понеделник 31. 12. 2012 год. спроти вторник 01. 01. 2013 год. на празникот Св. мч. Бонифациј и Св. Григориј еп. Омиритиски, со почеток во 23:00 ч. се отслужи сеноќно бдение кое заврши со Божествена Литургија. Со ова бдение чиноначалствуваше Повардарскиот митрополит г. Агатангел со еромонахот Атанасиј и со бројно свештенство од Повардарската епархија. Господ Бог благослови речиси сите присутни да пристапат и да се причестат со Светите Христови Тајни.
Да бидат нашите срца будни, и со радост да дочекаме да се роди Оној, Вечниот, Благиот, Силниот, Милостивиот....нашиот Спасител Христос.
Христос се Роди! За сајтот на Повардарската епархија известува: Маја Јаневска - Везилка
|
|
2.01.2013. |
На 30. 12. 2012 година, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Св. Атанасиј“ во Неготино. |
|
2.01.2013. |
На 23. 12. 2012 година, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Демир Капија. |
|
|
|
<< Почеток < Претходна 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 Следна > Крај >>
|
Резултати 1483 - 1520 од 1635 |