9.11.2011. |
На 06. 11. 2011 година, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес. На Литургијата свештено сослужуваа повеќе свештеници од Велес, а молитвено присуствуваа десетици верници од кои дел застанаа пред Светиот Путир и ги примија Светите Христови дарови, причестувајќи се со Телото и Крвта на нашиот Бог и Спасител, Господ Исус Христос. |