Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Групна крштевка и на Тиквешкото езеро
17.07.2012.

 

Sample Image
 
 Sample Image

 

Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, годинава за прв пат се одржа групно крштевање во водите на Тиквешкото езеро во Кавадарци. Крштевката се одржа на 14. 07. 2012 година (сабота), на денот кога Светата православна црква го слави споменот на светите Козма и Дамјан, во Полошкиот манастир „Св. Ѓорѓи“.

31 лице од Тиквешијата, на возарст од 16 до 70 години, и во присуство на голем број на верници, ја примија православната христијанска вера и се соединија со Господ Исус Христос.

Целиот настан почна со Света Божествена Литургија во Полошкиот манастир, на која присуствуваа сите оние кои решија да ја примат православната вера, а на која сослужуваа свештеници од кавадаречкото намесништво на Повардарската епархија.

Чинот започна во 9 часот, а најпрво беше извршен чинот огласување, во кој свештенослужителите ги повикаа сите оние кои дојдоа за да се крстат да се откажат од сатаната и  од сите негови дела и да се соединат со Христа. Потоа сите заедно го прочитаа Символот на верата за да покажат дека веруваат православно. Откако беа осветени водите на Тиквешкото езеро, огласените беа помачкани со елејот на радоста и еден по еден влегуваа во езерото и во името на Отецот и Синот и Светиот Дух трикратно беа потопени, го примија Светото Крштение и станаа членови на Светата Православна Црква. Потоа следеше миропомазание на крстените, а потоа сите крстени се вратија во манастирот за да ја примат Светата тајна - Причест. 

Со оглед на тоа што до прекрасниот божји храм се стигнува само по воден пат, за сите верници кои сакаа да бидат дел од овој настан Црквата обезбеди јахта, сплав и чамци.
 
Групна крштевка на Бабуна
16.07.2012.

 

Sample Image
 
 Sample Image

 


П

овардарската епархија на 14. 07. 2012 година (сабота), на денот кога Светата православна црква го слави споменот на светите Козма и Дамјан, по петти пат организираше бесплатно групно крштевање во водите на реката Бабуна во Велес. И оваа година имаше голем број луѓе кои доброволно пристапија на православната вера, примајќи ја Светата Тајна – Крштение. Така, оваа година бројот на оние кои пристапија кон Светата православна црква изнесуваше 35.

Со чинот на осветување на водите на реката Бабуна и Светата тајна - Крштение чиноначалствуваше протоерејот Ристе Јанушев во сослужение на свештениците Мики Миовски и Драги Гаштарски. Групната крштевка беше организирана по петти пат во Повардарската епархија, со што продолжува тенденцијата традиционално да се одржува секоја година во водите на реката Бабуна. 

Чинот започна во 10 часот, а најпрво беше извршен чинот огласување, во кој свештенослужителите ги повикаа сите оние кои дојдоа за да се крстат да се откажат од сатаната и  од сите негови дела и да се соединат со Христа. Потоа сите заедно го прочитаа Символот на верата за да покажат дека веруваат православно.Откако беа осветени водите на реката Бабуна, огласените беа помачкани со елејот на радоста и еден по еден влегуваа во реката Бабуна и во името на Отецот и Синот и Светиот Дух трикратно беа потопени, го примија Светото Крштение и станаа членови на Светата Православна Црква. Потоа следеше миропомазание на крстените, а следниот ден сите крстени присуствуваа на Светата Литургија за да ја примат Светата тајна - Причест. 

 

 

Sample Image
 
 Sample Image
 
 Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image

 

 

 
Собор на 12 – те Апостоли - Павловден, Виница
16.07.2012.

 

Sample Image
 
 Sample Image
 
 Sample Image

 

На 13. 07. 2012 година на празникот на Собор на 12 – те Апостоли - Павловден, во храмот Св. Архангел Михаил во Виница, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен и Надлежниот Архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката, Повардарската и Европската епархија, отслужи света архиерјска литургија . На Светата Литургија пригодна беседа одржа Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион на двајцата Архиереи Им се заблагодари за Богослужението и прославувањето на Патронот и Заштитникот на Градот Виница.

По светата литургија, Митрополитот Повардарски г. Агатангел,  Митрополитот Европски г. Пимен, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, заедно со свештенослужителите, Градоначалникот на Општина Виница г. Емил Дончев, Претседателот на Советот на Општина Виница г - ѓа Благица Павлова и многуројниот православен народ, со иконата на Светиот апостол Павле, извршија литија од храмот Св. Архангел Михаил до Градскиот Плоштад во Виница, односно до параклисот посветен ана Св. ап. Павле, каде го благослови и пресече празничниот леб. По ова Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во Општинската зграда во салата за состаноци, присуствуваше на свечената седница по повод Патронот и Заштитникот на Градот Виница  и на отварањето на уметничката слика „Виничка афера“.

Преземено од: Брегалничка епархија

 
Светите апостоли Петар и Павле
13.07.2012.

 

Sample Image
 
Sample Image

 

Фотоматеријал од Петровден во Папрадиште

 

Денот на Светите апостоли Петар и Павле – Петровден, беше одбележан во велешкото село Папрадиште, каде што Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенство на Повардарската епархија. Православниот храм „Св. Петар и Павле“, еден од најголемите бисери на сакралната архитектура во областа Азот, велешко, којшто е изграден во 1900 година, беше духовниот дом на стотици верници од Велес, неговата околина, но и од други градови во Македонија, кои се по потекло од ова село, и кои традиционално секоја година на овој ден пристигнуваат во селото да го посетат овој храм и да  се поклонат на Светите апостоли Петар и Павле. Папрадиште е селото од кое потекнува познатиот градител на цркви Андреја Дамјанов и на плејада други познати мајстори кои со својата богоугодна работа, градејќи ги најубавите православни храмови на Балканот, оставија свој вечен печат во величието на православната вера на овие простори.

 
Православна светлина бр. 22
11.07.2012.

Sample ImageСОДРЖИНА:
† Излагање по повод матурата на 44-генерација богослови - М-р Дарко Милев
† Излагање од матурантите
† Излагање на митрополит Преспанско-пелагониски г. Петар
† За свештенството – старец Филотеј Зервакос
† Свети Илариј Поатески
† Движењето на коливарите
† Чудата како дел од апост. проповед - 4 дел
† За Божјата Промисла IV дел
† Аскетски тип
† Духовен мозаик -V дел
† Антихристот и бројот 666
† Жените мироносици
† За мајчинството – архиеп. Сергиј Одески
† Не е добро човекот да биде сам – свештеник Борислав Бобевски
† Како да се издржи самотијата кога човек не е во брак?
† Како да се молиме за зависниците од алкохол?
† Зошто палиме свеќи во црква?

 

 Излезе од печат Петровденското издание на списанието „Православна Светлина“.  Во овој 22-ри број се сместени повеќе наслови од нашата православна вера и живот.
Се надеваме дека и овој празничен број на Православна Светлина ќе биде радосна вест за сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко.
Вашиот примерок од новиот број ќе можете да го земете за време на претстојните празнични служби.

 
Божествена Литургија во Битола (08.07.2012)
9.07.2012.

 

Sample Image

 

Во петтата недела по Педесетницата, кога Светата православна црква го чествува споменот на Преподобната маченичка Февронија и Преподобен Дионисиј; Неговото Високопресвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор австралиски г. Петар во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, чиноначалствуваше со Божествена Литургија во црквата „Св. Богородица“ во Битола. На Литургијата присуствуваа голем број верници, од кои поголем дел се причестија со Светите Христови Тајни.

 

 

Sample Image

 

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 31 32 33 34 35 36 37 38 39 Следна > Крај >>

Резултати 1369 - 1406 од 1459